Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: ЕУ сака драстично да ги зголеми цените на цигарите
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > ЕУ сака драстично да ги зголеми цените на цигарите
Агровести

ЕУ сака драстично да ги зголеми цените на цигарите

Објавено 12/06/2025
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Пушачите во ЕУ  се под закана од значителен удар., објави Билд кој нагласува дека Европската комисија под водство на Урсула фон дер Лајен ги повикува земјите-членки значително да ги зголемат даноците на тутун. Целта на мерката е да се намали бројот на случаи на рак и да се намали товарот врз здравствените системи.

Во документот од 196 страници, во кој „Билд“ имале увид, Комисијата повикува на „супресија на потрошувачката на тутун, меѓу другите даночни мерки за намалување на побарувачката“. Во текстот се истакнува дека повисоките даноци би можеле да испратат „ценовен сигнал дека пушењето е навистина штетно и дека треба да се сузбие со сите средства“.

Според ЕК, зголемувањето на даноците и цените на тутунските производи е најефикасната поединечна мерка што може да ја намали потрошувачката и да ги охрабри граѓаните да престанат да пушат или барем да пушат помалку.

Комисијата предлага износот на даноците во иднина да се прилагодува според нивото на економски развој на секоја земја-членка, врз основа на посебен индекс. Според проценките на Европската унија на даночни обврзници, ова би значело зголемување на данокот на тутун за Германија за приближно 20 проценти.

Претседателот на здружението, Михаел Јегер, предупреди: „Очекуваме цените на цигарите да пораснат за околу 20 проценти. Ова мора веднаш да се запре.“

Просечната цена на кутија цигари во Германија моментално е околу 9 евра (вклучувајќи ги даноците). Доколку цените се зголемат за 20 проценти, поголемите пакувања би можеле да станат поскапи за околу едно евро.

Новата директива треба да се однесува не само на класичните цигари, туку и на новите производи од тутун . Целта е потрошувачката на никотин да се направи помалку привлечна, дури и во таканаречените форми без чад.

Исклучок сепак би биле производите за замена на никотин, како што се никотинската гума за џвакање (на пр. Nicorette), кои се користат за да им помогнат на луѓето да се откажат од пушењето. Според планот, нацртот на новата директива треба да биде одобрен од комесарот на Европската комисија до средината на јули.

Тутунската индустрија остро го критикува предлогот. Претседателот на индустриското здружение, Михаел фон Ферстер, рече: „Здравствената заштита не смее да се користи како изговор за уништување на сигурни даночни модели и опстанокот на малите и средните производители“.

Јанус Паутс од JTI (кој произведува брендови како што се Benson & Hedges и Camel) предупреди дека значителното зголемување на даноците може да го поттикне брзото ширење на црниот пазар на цигари: „Масовното зголемување на даноците е економска програма за организиран криминал“.  

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:драстичноеузголемиценитецигарите
Претходен напис Состојба на патиштата
Следен напис Мицкоски: Расте бројот на странски туристи во вториот квартал
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?