Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Над 12 000 инспекциски контроли, уништени околу 56 тони небезбедна храна
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Над 12 000 инспекциски контроли, уништени околу 56 тони небезбедна храна
Агровести

Над 12 000 инспекциски контроли, уништени околу 56 тони небезбедна храна

Објавено 10/06/2025
Сподели
6 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Инспекциските контроли на храната од почетокот на годинава ја надминаа бројката од 12 000 само во внатрешниот промет. Како небезбедни, досега се уништени околу 56 тони храна од животинско и неживотинско потекло. За утврдените недолесености се изречени 1 325 мерки од кои 260 парични казни и други казни како времени забрани за вршење дејност, а поднесени се и прекршочни пријави, рече денеска директорот на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) Оливер Миланов.

Во обраќањето на трибината за подигнување на јавната свест за безбедноста на храната, Миланов напомена дека дополнителни контроли се вршат за секоја пратка која се увезува во земјава.

-Од почетокот на годинава како небезбедни вратени се 10 пратки, најголемиот дел поради увоз од забранети региони/држави. Уништена е една пратка со храна од животинско потекло со тежина од 207 тони, а како небезбедни уништени се и околу 30 тони храна од неживотинско потекло, повеќе од половината небезбедна минерална вода од увоз, поради бактериолошка загаденост, недоволна јодираност на сол и утврдени остатоци од пестициди во зеленчук, потенцира диртекторот.

Според него, во синџирот на безбедна храна, покрај науката, институциите и операторите, многу важна алка се и граѓаните кои често алармираат за недоследности. Најчесто наведени наводи поврзани со безбедноста на храната се непочитување на добрата хигиенска пракса (ДХП) и НАССР, продажба на производи со поминат рок на употреба, работа без одобрение, присуство на контаминенти во производ, сомнеж за труење со храна и продажба на производи со променети органолептички својства, измама на потрошувачи, како и сомнеж во квалитетот на производот.

-Од почетокот на годинава досега преку Одделението за заштита на потрошувачите поднесени се повеќе од 360 иницијативи за вршење на инспекциски надзор. Како најчесто наведени наводи поврзани со безбедноста на храната се непочитување на ДХП и НАССР (36 иницијативи), продажба на производи со поминат рок на употреба (26), работа без одобрение (24), присуство на контаминенти во производ (17), сомнеж за труење со храна (16), продажба на производи со променети органолептички својства (16), измама на потрошувачи (14), сомнеж во квалитетот на производот (5), информира Миланов, додавајќи дека е постапено по најголемиот број од нив.

Денешната трибина, организирана во соработка со Европската агенција за безбедност на храната (EFSA),е во рамки на активностите на АХВ по повод одбележувањето на 7 Јуни, Светскиот ден на безбедна храна. Претставници од Европската агенција ќе ги презентираат улогата и значењето на EFSA во системот за безбедност на храна во ЕУ и интеграцијата на земјите кориснички на ИПА. Претставници од АХВ ќе зборуваат за улогата и значењето на АХВ во однос на безбеднсота на хрнатата и храната за животни. Предвидена е и панел дикскусија на која ќе се дискутира за нутритивните потреби и навиките во исхраната, како и за нутритивните и здравствените тврдења. 

-Потсетувам дека одговорност за безбедноста на храната имаат сите – од државата која ги креира политиките, создава услови и спроведува контроли до граѓаните како крајни потрошувачи. Не е важно само дали и што ќе јадеме, туку и колку храната на нашите трпези е безбедна. Повеќе од 600 милиони луѓе во светот се разболуваат од небезбедна храна, а за нивно лекување се трошат околу 15 милијарди долари. Од небезбедна храна луѓе и умираат, а нивниот број годишно се движи околу 420 000. Еден од десет луѓе се разболуваат од контаминирана храна секоја година, а повеќе од 200 болести се предизвикани од консумирање небезбедна храна со бактерии, вируси, паразити или хемиски супстанции како што се тешките метали. Овие бројки може да се спречат само кога безбедноста на храната е приоритет, подвлече директорот на АХВ.

Како што беше нагласено на трибината, опасностите од небезбедна храна се реалност, тие не познаваат граници и се дел од големиот синџир на снабдување.

-Од локален проблем, во услови на интензивна глобална трговија, ризиците од небезбедната храна може брзо да прераснат до меѓународна вонредна состојба. За да се спречи ова подготвеноста е клучна пред да се случи неочекуваното. Науката ја дава основата за безбедност на храната, но спречувањето на болестите предизвикани од храна зависат од нашите правилни постапки кои треба да ги преземеме. Ова значи дека секоја од државите се повеќе треба да инвестира во истражување и поддршка на науката, во спроведување програми за идентификување потенцијални ризици од контаминација на храната, обезбедување безбедно ракување, дистрибуција и складирање на храната, како и воспоставување мерки и процедури за континуирана едукација и преквалификација на вработените за најновите безбедносни практики. Во овој контекст исклучително важна е и улогата на потрошувачите кои треба да внимаваат на безбедноста на храната исклучиво како информирани потрошувачи, за што академската јавност, но и институциите треба да вложуваат во едукација на граѓаните уште од најрана возраст, порачаа учесниците на трибината. 

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:12 000 инспекциски контроли56 тонинебезбедна хранауништени
Претходен напис Авионско прскање против комарци утре наутро во Скопје
Следен напис Забранет е увоз на пилешко од Бразил и на месо од мали преживари од Албанија
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?