Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: НП Шар Планина со нова мерка: Електрични огради за заштита од мечки и волци
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > НП Шар Планина со нова мерка: Електрични огради за заштита од мечки и волци
Агровести

НП Шар Планина со нова мерка: Електрични огради за заштита од мечки и волци

Објавено 05/06/2025
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

По повод Светскиот ден на животната средина, Јавната установа Национален парк Шар Планина почна акција за поставување електрични огради за заштита од големи месојади како мечки и волци. Од вчера се почнати овие активности на имоти во селата Бозовце, Вешала, Вејце и Шипковица, при што таква опрема е поставена кај пет сопственици на фарма и пчелари.

Од НП Шар Планина велат дека електричните огради се докажана превентивна мерка во ЕУ за заштита на добиток, пчеларници и земјоделски култури од мечки и волци. Со ова се намалуваат штетите и се ублажуваат потенцијални конфликти помеѓу човекот и дивината, додека истовремено се штити биодиверзитетот.

-Електричната ограда во село Бозовце се поставува на фармата во чија ограда беше заплеткана мечка пред две години. Разумното делување на сопственикот кој покажа соработка и разбирање  во соработка со Национален парк Шар Планина денес резултираше во конкретна помош за понатамошен соживот помеѓу дивите животни и локалното население, вели Анела Ставревска Панајотова раководител на одделение за заштита на природата.

Во рамки на паркот живеат околу 16–17.000 луѓе во 25 живи села, а поширокиот Полошки регион вклучува и многу повеќе. За сите нив, Шар Планина претставува природен штит – заштита од пожари, поплави, ерозија, лавини и други природни закани, но и гарант за зачувување на биодиверзитетот и водните ресурси.

Шара е дом на речиси две третини од вкупната флора на Македонија, со над 2.000 видови васкуларни растенија – од кои повеќе од 200 се балкански ендемити, а некои се и локални ендемити, незабележани никаде на друго место во светот. Богатството на растителниот и животинскиот свет овозможува традиционално сточарство, земјоделство и пчеларство. 

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:волциелектрични оградизаштитамечкиНП Шар Планина
Претходен напис (ВИДЕО) Протест на земјоделците од Прилепско – бараат да се отстранат дефектите на линијата за наводување
Следен напис Сончево и многу топло, попладне дожд и грмежи
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?