Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: За Курбан бајрам во Дебарско до денеска продадени  околу 2 илјади грла овни и овци
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > За Курбан бајрам во Дебарско до денеска продадени  околу 2 илјади грла овни и овци
Агровести

За Курбан бајрам во Дебарско до денеска продадени  околу 2 илјади грла овни и овци

Објавено 04/06/2025
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во пресрет на одбележувањето на големиот муслимански празник Курбан Бајрам, во Дебарско, во тек е продажба на овни и овци кои се принесуваат како курбан за овој празник, кој годинава се паѓа во петок, на 6 јуни.

Според Скендер Аме, еден од најпознатите сточари и поранешен претседател на здружението на сточари „Даши“, во кое членуваат сточари од општините Дебар и Центар Жупа, годинава за продажба се околу 2500 грла овни и овци.

-Во тек е продажбата, но, можам да кажам дека и понудата и интересот е помал од минатиот празник. Годинава за продажба имаме околу две и пол илјади грла, а едно грло го продаваме од 130 до 250 евра, што зависи од возраста на добитокот и тежината. До денеска претпладнево имаме продадено околу две илјади, додава Аме за МИА.

Освен дебрани купувачи се и жителите од долнореканските села, општина Маврово и Ростуше, како и помал број од општина Центар Жупа, бидејќи и таму има пазар.

Курбанот, според верниците, се коле првиот ден од празникот, по што месото се распределува на сиромашни семејства. 

Овој празник, кој се одбележува четири дена, се нарекува уште и Аџи Бајрам, бидејќи на светите места Мека и Медина, во Саудиска Арабија, се реализира петтиот столб на исламот-аџилакот.

Од земјава на аџилак се 2.020 верници, од нив 84 од дебарското муфтиство, кое ги опфаќа општините Дебар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше.

Како што информираше дебарското муфтиство на официјалната Фејсбук страна, аџиите од овој крај се во добра состојба и редовно ги обавуваат сите верски обреди. 

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:курбанМавровоовци
Претходен напис Во понеделник ќе се бира нов министер за здравство, на дневен ред и предлогот за заменик во земјоделство
Следен напис 72-годишен човек ги бодел со нож кравите на брат му, една им подлегнала на повредите
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?