Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Министерката за финансии  најави евтини кредити за преработувачите и земјоделците
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агросектор > Министерката за финансии  најави евтини кредити за преработувачите и земјоделците
Агросектор

Министерката за финансии  најави евтини кредити за преработувачите и земјоделците

Објавено 04/06/2025
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска е загрижена од дефицитот во трговијата со странство, посебно од  големиот увоз на храна во земјава и очекува наредните политики да дадат ефекти во оваа област.

Таа рече дека политиката во овој сектор ја води Министерството за земјоделство, но Министерството за финансии може само да насочи дел од парите за кредитирање во земјоделството.

-Ние ќе насочиме повеќе кредити со поволни камати преку Развојната банка кон земјоделството, претпријатија преработувачи и ќе гледаме да ги поврземе со домашните земјоделци, со цел да имаме поголем ефект и искористување од тоа што тие го произведуваат за да придонесеме за зголемување на производството и за намалување на увозот на храна, но политиката ја води Министерството за земјоделство. Сепак, можам да се согласам со констатацијата дека не се зголемува додадената вредност од трошењето на парите за субвенции – рече таа.

Димитриеска Кочоска најави дека Министерство за финансии подготвува дополнителни производи преку Развојната банка, коишто ќе значат малку поголема поддршка на преработувачката индустрија.

-Сето тоа е во насока колку повеќе имаме преработувачка индустрија и да искористиме што е можно повеќе производи од нашите земјоделци и тоа ќе значи дека притисокот на увозната страна за храна би требало да се намалува. Сето она што е во надлежност не само на Министерството за финансии и на Владата се прави и токму затоа ги даваме и овие 250 милиони евра за приватниот сектор преку Развојната банка – рече таа.

Според неа, досега 125 милиони евра се веќе исплатени кон приватниот сектор и тука, како што рече, очекува да има одредени ефекти.

Може да ви се допадне

Серафимовски: Ќе се УКИНЕ условот висината на субвенциите да зависи од минимум 30% продадено или предадено производство
Министерот Серафимовски на средба со производители и откупувачи на ориз
Мицкоски: Земјоделците ја имаат нашата поддршка, преку механизмите кои ни се на располагање ќе сториме сѐ за да помогнеме
Исплатени 372 201 760 денари СУБВЕНЦИИ на 4284 одгледувачи на ГОВЕДА
Исплатени 13 925 888 денари на 85 производители на тутун
Таг:земјоделцикредитирањеминистеркапреработувачисубвенциифинансии
Претходен напис Кривична пријава за измама: Земјоделци и превозници од Пелагонија оштетени за над 140.000 евра
Следен напис Во понеделник ќе се бира нов министер за здравство, на дневен ред и предлогот за заменик во земјоделство
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?