Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: (ВИДЕО) Белешовска: Субвенции, поволни кредити, зелена економија – ЗК Пелагонија има капацитет да го развие македонскиот аграр!
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > (ВИДЕО) Белешовска: Субвенции, поволни кредити, зелена економија – ЗК Пелагонија има капацитет да го развие македонскиот аграр!
АгровестиАгросектор

(ВИДЕО) Белешовска: Субвенции, поволни кредити, зелена економија – ЗК Пелагонија има капацитет да го развие македонскиот аграр!

Објавено 03/06/2025
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Можат ли големите комбинати да го развијат македонскиот аграр или барем да го стопираат негативниот тренд во земјоделското производство? Какви се нивните капацитети, какви се очекувањата од државата и што е она што заеднички може да се превземе да ја намалиме зависноста од увоз и да се обезбеди доволно домашно производство на храна за сите граѓани.

На оваа тема разговараме со Весна Белешовска Бунтевска, извршна директорка на ЗК Пелагонија, водечка компанија во рамките на агробизнисот во државата и најголемиот производител на храна во земјата. Комбинатот располага со 16 000 хектари земјоделско земјиште, а во склоп на комбинатот се кравараска и овчарска фарма, потоа рибник, фабрика за добиточна храна, центар за семепроизводство и биогасна централа.

За можностите на комбинатот, начинот на исплата на субвенциите, циркуларната економија, важноста од поволни земјоделски кредити за инвестирање во секторот, потребата и вложувањето во професионален кадар, инвестирање во системи за наводнување, подигање на стакленици и за други амбициозни планови на ЗК Пелагонија, слушнето од излагањето на Белешовска.

Функционирањето на циркуларната економија, е императив во функционирањето на Европската унија, која преку Европската агенција за животна средина ја поставува циркуларната економија како неопходност за постигнување на целта на ЕУ за климатска неутралност до 2050 година и запирање на загубата на биолошката разновидност и Агендата за изградба на обновливи извори до 2030 година (во која се предвидени и одобрени 83 милијарди евра за изградба на централи на биогас и биометан). Согласно политиката за храна на ЕУ од „фарма до трпеза“ и како политика на обновливи извори на енергија согласно директивата RED II имплементирана во законскиот декрет 199/2021 и директивата RED III4, очигледно е залагањето на ЕУ во промоција на циркуларната економија како неопходност во заштита на животната средина и како нужен предуслов за постигнување на претходно наведената цел за до 2050 година да се постигне климатска неутралност, зачувување на ресурсите и запирање на уништувањето на биодиверзитетот – вели Белешовска Бунтевска.

Што се однесува до висината на субвенциите кои ги одвојува државата за развој на аграрот, Белешовска е децидна дека начиот на субвенцинирање мора да се промени, односно да се врати како што беше пред осум години кога не постоеше лимитирање на средствата за големите компании. Ова го поткрепува со фактичката состојба во вкупниот аграр, намалување на обработливите површини, особено пченицата, потоа зголемениот увоз на храна која можеме дома да ја произведеме.

За споредба со другите држави, пример со Хрватска која има значително повисоки субвенции и добра стратегија со која ги зголемија површините под пченица за 25% или за 40.000 ха, а кај нас се намалени за 6% или за 4.000 ха. Во надворешно трговската размена Хрватска остварува суфицит, а во 2023 година тој  е најголем кај житариците и изнесува 223,5 милиони евра додека кај маслените и индустриските култури изнесува 102,3 милиони евра.

Бројот на говеда во Хрватска прилично стабилен и минимален пораст, а кај нас пад од 50% во последните 5 години. За разлика од Хрватска каде просечната количина на млеко по крава изнесува 5.867 л, во Македонија просекот е 3016 л по крава, што е повеќе од двојно помало производство по крава споредено со европскиот просек од 7791 литри.

Во Македонија планирано е да се одвојат вкупно 135.000.000 евра за подршка на земјоделието, додека во ХР на годишно ниво се одвојуваат околу 800.000.000 евра. Ако Хрватска обработува 1.500.000 ха, а Македонија 514.000 ха, Хрватска има 533 еуро/ха, додека Македонија 262 еуро/ха. Ова покажува дека Македонија има двојно помала подршка во земјоделието, отколку што има Хрватска. Компанија како нашата има 15 мил евра финансиска помош од државата. Тоа е таа разлика во стратегија за развој на агросекторот – изјави Белешовска.

За раководната позиција на која се наоѓа, за секторот кој го води, директорката Белешовска со скромност и љубов кон земјоделското производство, вели дека е задоволна што работи една благородна професија, која оплеменува но и обврзува затоа што станува збор за најважното, храната на граѓаните. Ги повика младите да не се откажуваат од земјоделството затоа што производството на храна е перспективна стопанска гранка која допрва доаѓа на цена.

Може да ви се допадне

Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Славески: Народната банка треба да добие механизми за ограничување на банкарските надоместоци
Бјорн Наумовски Вискиус за МИА: Овдешната бирократија е вистински шок за Швеѓаните, но и тие можат многу да научат од овде за топлината и прилагодливоста во тешкотиите
Таг:subvenciizemjodelstvoаграрекономијаземјиштеЗК Пелагонија
Претходен напис УХМР: Мај постуден од вообичаено и нормално врнежлив со исклучок на Охрид
Следен напис 70 отсто од земјоделските производи се од увоз
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?