Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: УХМР: Не очекува потопло и посушно лето
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агропрогноза > УХМР: Не очекува потопло и посушно лето
Агропрогноза

УХМР: Не очекува потопло и посушно лето

Објавено 02/06/2025
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Летово се очекува да биде значително потопло и посушно од многугодишните просечни вредности. Во државата постои многу голема веројатност за надминување на температурите од многугодишните просечни вредности. Надминувањето на температурите може да достигне и до 3°C речиси на целата територија. Најголемо позитивно отстапување на температурата на воздухот од повеќегодишните просеци за оваа сезона се очекува да биде во јули.

Како што информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), според анализите за целиот југоисточен регион на Европа се очекува летните температури да достигнат натпросечни вредности. 

– Несигурноста кај регионалните предвидувања за врнежите е секогаш поголема во однос на температурата. Се очекува целиот југоисточен регион на Европа да има врнежи под просечните. Во Северна Македонија најголемо негативно отстапување на врнежите за оваа сезона се очекува да биде во јули. Во планинските делови постои голема веројатност дека просечните врнежи ќе бидат надминати поради епизоди на засилена конвекција и појава на обилни врнежи, стои во соопштението.

Многугодишниот просек (1991-2020) за температурите на воздухот во летната сезона изнесува околу 16°C во планинските предели и до 26.1°C измерени во Гевгелија. Просечните врнежи во летниот период најмногу достигнуваат во источниот дел, околу 170 милиметри.

Според многугодишниот просек (1991-2020) температурата на воздухот во Скопје за јуни, јули и август изнесува 22.2°, 24.7° и 24.6° C. Просечната количина на врнежи во Скопје за јуни, јули и август изнесува 47.6, 34.1 и 37.4 милиметри.

Од УХМР посочуваат дека во престојната летна сезона постои веројатност да се јават периоди со исклучително топло и сушно време, како и веројатност за изразени негативни отстапувања од вообичаените средни вредности на температурата, но и влажни продори. Повремено може да доминираат субсезонски варијации, кои не се предвидливи долго време однапред, па затоа препорачуваат редовно ажурирање на прогнозата. 

МИА

Може да ви се допадне

Попладне нестабилно време со пороен дожд, грмежи и локално невреме
Сончево со мала облачност, попладне локална појава на дожд, грмежи и ветер
Променливо облачно со сончеви периоди, попладне нестабилно време
Променливо облачно време со сончеви периоди до крајот на неделава
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне дожд
Таг:посушно летопотоплоухмр
Претходен напис Лишени од слобода дрвокрадци во скопско, дрвата и возилото се одземени
Следен напис Стоилев: Во септември нов повик ИПАРД за Мерка 3, а до крајот на годината и за Мерка 7
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?