Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Основни УСЛОВИ за да може да аплицирате за ГРАНТ од 600.000 евра за рурален туризам
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > ИПАРД > Основни УСЛОВИ за да може да аплицирате за ГРАНТ од 600.000 евра за рурален туризам
ИПАРД

Основни УСЛОВИ за да може да аплицирате за ГРАНТ од 600.000 евра за рурален туризам

Објавено 02/06/2025
Сподели
6 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Мерка 7 од ИПАРД 3 програмата е особена интересна за граѓаните бидејќи опфаќа неколку приоритетни сектори, а меѓу нив најпопуларна е можноста за изградба или реконструкција на објекти за рурален туризам.

Основен предуслов за аплицирање е локацијата на која е планирано да се реализира инвестицијата да се наоѓа во рурална средина, односно населено место со помалку од 30.000 жители. Живеалиштето на физичкото лице или седиштето на правното лице кое аплицира може да биде и во друго населено место, важна е локацијата на инвестицијата.

Прифатливи локации се селата во Македонија, но и градовите: Берово, Богданци, Валандово, Виница, Гевгелија, Дебар, Делчево, Демир Капија, Демир Хисар, Кавадарци, Кичево, Кочани, Кратово, Крива Паланка, Крушево, Македонска Каменица, Македонски Брод, Неготино, Пехчево, Пробиштип, Радовиш, Ресен, Свети Николе и Струга.

Инвестициите треба да се реализираат на имот кој е во сопственост на корисникот.

Во случај на инвестициски проекти, кои се реализираат на имот кој не е во сопственост на корисникот потребно е да се прикаже документ (договор за закуп/концесија) со кој се докажува право на користење на имотот кој е предмет на инвестицијата, за период од најмалку 7 години од денот на поднесување на барањето за финансиска поддршка. Договорот за закуп/концесија, времетраењето и површината на која се однесува договорот задолжително треба да биде впишан во имотниот лист.

Понатаму, доколку апликантот планира изградба или реконструкција мора до аплицирањето, до поднесувањето на документите да има правосилно одобрение за градба или реконструкција.

Ова е воедно и најголемиот проблем или пречка за сите што имаат идеја, желба и финанси да аплицираат бидејќи најголемиот дел од руралните средини не се урбанизирани.

Но и за ова постои решение и имаме такви примери каде што самите апликанти го урбанизираат местото. Низ оваа постапката ќе ве водат консултанти со кои соработуваме, согласно досегашното нивно позитивно искуство во овој дел. За оваа постапка ќе ви треба повеќе време и токму поради тоа најдобро е, доколку веќе планирате да аплицирате, побрзо да започнете со активностите.

Од досегашното искуство и сознанијата кои ги имаме, локалната власт е заинтересирани за инвестирање во општините и секогаш излегуваат максимално во пресрет на граѓаните кои планираат да инвестираат преку ИПАРД.

Доколку планирате да инвестирате во рурален туризам, Мерка 7 од ИПАРД 3 програмата е токму за вас, бидејќи преку неа имате можност да добиете поврат на средстства во висина од 60% од инвестицијата.

ВИСИНА НА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА

Поддршката преку оваа мерка е во форма на неповратен грант кој покрива 60% од прифатливите трошоци во рамки на инвестицијата.

Максималната финансиска поддршка што може да се додели на поединечен проект изнесува до 600.000 евра.

Минималниот износ на вкупни прифатливи трошоци изнесува 10.000 евра. Проектни апликации со вкупен буџет помал од 10.000 евра нема да се разгледуваат.

Во продолжение прочитајте повеќе за што сè може да се аплицира, какви услови треба да се исполнат и кои документи се потребни за инвестиции во руралниот туризам:

Кој може да аплицира

– Физички лица:

  • Физичко лице регистрирано како: занаетчија, угостител, трговец поединец
  • Физичко лице без регистрирана дејност

– Правни лица (микро и мали претпријатија):

  • Правни лица регистрирани во Централен регистар кои вработуваат најмногу 50 вработени и имаат годишен обрт најмногу 10 милиони €.

-Задруги

  • Задруги регистрирани во Централен регистер согласно законот за задруги.

За што може да се аплицира во руралниот туризам

  • Сместување во соби, апартмани, кампови, бунгалови – Инвестиции во градба / реконструкција за туристички цели во рурални средини мора да го следат традиционалниот стил на градба.

Доколку барателот е физичко лице, инвестициите во градба / реконструкција за туристички цели за сместување и / или ресторански услугисе ограничени на:

  • 10 соби (20 гости)
  • 10 сместувачки единици за сместување на отворено (30 гости)
  • 50 гости за ресторански услуги

Доколку барателот е правно лице, инвестициите во градба / реконструкција за туристички цели за сместување и / или ресторански услугисе ограничени на:

  • 20 соби (50 гости)
  • 30 сместувачки единици за сместување на отворено (90 гости)
  • 150 гости за ресторански услуги
  • Готвење и служење на храна
  • Соби за дегустација / продажба.
  • Рурални музеи
  • Простории за семинари / обуки,
  • Едукативни фарми
  • Рекреативни активности на туристите.

Прифатливи трошоци

  • Прифатливи трошоци се: градежни материјали и елементи за изградба на нови објекти или реконструкција и адаптација на постоечки објекти (згради и инфраструктура за целосно функционален капацитет).
  • Инсталација на соодветна опрема
  • Обезбедување на хигиенски и санитарни услови
  • Помошни простории
  • Капацитети за внатрешно и надворешно сместување и за рекреативни цели
  • Обезбедување на пристап, уредување и оградување

Да напоменеме и тоа дека ИПАРД е поврат на средства по инвестирање. Значи прво ја реализирате инвестицијата, поднесувате извештај, доаѓа контрола на терен и доколку е се во ред, Платежна ви ги исплаќа парите.

Новина за ИПАРД 3 е можноста за авасна исплата до 50 отсто од финансиската поддршка, веднаш по потпишување на договорот.

-Тоа, низ пример, значи дека ако се конкурира со проект вреден 100.000 евра за мерка каде повратот на инвестицијата е 60 отсто, апликантот, преку авансното финансирање, со склучување на ИПАРД договорот ќе добие до 50 проценти од средствата или 30.000 евра однапред.

За повеќе информации и соработка со консултанти за изработка на апликации на телефонскиот број: 071 225 345

Може да ви се допадне

Седми состанок на Комитет за следење на ИПАРД Програмата 2021-2027
Продолжува реализацијата на ИПАРД 3, потпишани 5 нови договори
(ВИДЕО) Иротова – Лазарева: Продолжува исплатата, потпишување на договори, а следно ќе бидат нови повици за ИПАРД
(ВИДЕО) Трипуновски: Во наредните денови ќе има исплата на 4.1 милиони евра на оние што аплицирале и добиле ИПАРД средства
(ВИДЕО) Трипуновски: Средствата од ИПАРД програмата повторно се достапни!
Таг:грантевраИпардМерка 7руралентуризам
Претходен напис Од ноќеска пониски цени на горивата за половина денар
Следен напис Го замени жешкиот асфалт со мотика: Бане Томашевиќ одгледува живина на село
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?