Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Панделески: Повластените тарифи за обновливи извори не се злоупотреба, туку енергетска стратегија
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Панделески: Повластените тарифи за обновливи извори не се злоупотреба, туку енергетска стратегија
Агровести

Панделески: Повластените тарифи за обновливи извори не се злоупотреба, туку енергетска стратегија

Објавено 28/05/2025
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Реакција на јавно изнесените тврдења на порталот Антропол во написот

„Како бизнис-елитата профитира од зелените субвенции“

Во врска со неодамнешната објава на порталот „Антропол“ во која се проблематизира субвенционирањето на биогасни централи во земјава, чувствувам обврска пред јавноста да појаснам неколку клучни аспекти поврзани со политиките за обновлива енергија и економската логика зад повластените тарифи.

Биогасот е повеќе од енергија. Системот на премиум тарифи (или т.н. feed-in tariffs) не е македонски изум, туку долгогодишна европска и глобална пракса. Биогасните централи не само што произведуваат електрична енергија, туку имаат двојна еколошка улога: ги рециклираат органските отпадоци (земјоделски, сточарски и урбани) и значително го намалуваат испуштањето на метан – еден од најопасните стакленички гасови.

За разлика од сончевата или ветерната енергија, биогасот може да се контролира и работи 24/7, што го прави клучен за балансирање на енергетската мрежа. Се работи за континуирана и стабилна енергија. Токму затоа во повеќе земји во ЕУ, тој добива и дополнителни стимулации за флексибилност и стабилност на снабдување.

Европа и светот масовно инвестираат во биогас. Податоците на Европската биогас асоцијација (EBA) се јасен индикатор:

⏩ Производството на биометан во Европа порасна од 26 TWh во 2019 на 32 TWh во 2020 година – раст од 25%.

⏩ Европа има над 24.000 биогас постројки

⏩ Германија има над 12.000 биогас постројки, со субвенции за флексибилно производство со цел стабилизирање на мрежата.

⏩ Во регионов Македонија има најниска feed-in тарифа за биогас од 180 еуро/ МWh

⏩ Италија нуди грантови за биометан до 2,9 милиони евра по нов објект со гарантирана цена за 15 години.

Во САД, производителите добиваат државни кредити до $45/MMBtu, а биометан од сточен отпад достигнува индекс на -225 CI, што го прави едно од најеколошките горива во транспортниот сектор. Во Калифорнија и Канада, такви проекти се поддржани преку законски обврски и договори до 20 години.

Македонските субвенции не се исклучок туку се дел од глобален тренд. Тврдењата дека „бизнис-елитите“ профитираат на сметка на граѓаните ја игнорираат основната економска логика: инвестициите во биогас имаат високи иницијални трошоци, долгорочна исплатливост и јавен интерес. Тие се поддржани токму поради ризикот, технологијата и еколошкиот придонес што го носат. Доколку има сомнежи за клиентелизам или нетранспарентност, истите треба да се испитаат институционално. Но, генерализацијата и дискредитацијата на целиот систем за зелени субвенции претставува сериозно поткопување на македонската енергетска транзиција. Наместо да ја дискредитираме целата стратегија, потребно е да работиме на зголемена транспарентност, јавна контрола и правична распределба на поддршката.

На крајот би сакал посебно да потенцирам дека повластените тарифи не се „подарок“, туку јавна инвестиција со поврат во eнергетската стабилност, заштита на животната средина и економски развој преку вработување и домашно производство.

Ги повикувам сите актери – политичари, институции, новинари и јавноста, да водиме одговорна дебата базирана на факти, експертска анализа и јавен интерес, а не на сензационализам.

Обновливите извори не се закана, тие се услов за опстанок. Биогасот не е рекет, туку можност.

Цветан Панделески

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:биометанЗК ПелагонијастратегијасубвенциитарифиЦветан Панделески
Претходен напис ЈП „Стрежево“-Битола, 12 години ќе стопанисува со акумулцијата „Стрежево“
Следен напис Трендафилов: Само платени работници може да бидат продуктивни
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?