Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Грчката Влада ја укинува Агенцијата за земјоделски субвенции по истрагата на ЕУ за измама
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Грчката Влада ја укинува Агенцијата за земјоделски субвенции по истрагата на ЕУ за измама
Агровести

Грчката Влада ја укинува Агенцијата за земјоделски субвенции по истрагата на ЕУ за измама

Објавено 28/05/2025
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Агенцијата за управување со субвенциите од ЕУ, меѓу кои и земјоделска помош во Грција (ОПЕКЕПЕ) со одлука на грчката Влада ќе се укине, а функции ќе бидат префрлени во Независната управа за јавни приходи (ААДЕ), беше одлучено на состанокот свикан од грчкиот премиер, по големата истрага за измама што ја спроведува европското обвинителство, јави дописничката на МИА од Атина.

Од кабинетот на грчкиот премиер соопштија дека по обидите за внатрешна модернизација на ОПЕКЕПЕ кои не ги дадоа очекуваните резултати, „Владата, во соработка со европските власти и посветена на создавање транспарентен и интегриран систем за плаќање, пријателски настроен кон земјоделците, одлучно го решава проблемот“.

– Пораката е јасна: Системот за земјоделска поддршка и плаќања влегува во нова ера, ставајќи дефинитивно крај на децениските лоши практики и патологии што ги лишуваа доследните земјоделци од ресурси и можности, соопштија од кабинетот на Мицотакис и објаснија дека процесот на префрлање на надлежностите на ОПЕКЕПЕ во Независната управа за јавни приходи започнува веднаш, а целта е целосната интеграција да биде завршена во втората половина на 2026 година.

Како што објавија грчките медиуми, пред десетина дена Европскиот јавен обвинител придружувани од 20 службеници од антикорупциската единица на грчката полиција, спроведоа инспекција во седиштето на ОПЕКЕПЕ, при што била откриена широко распространета шема со фиктивни тврдења за пасишта користени за измамничко добивање земјоделски средства од ЕУ.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Грчката Владаеуземјоделски субвенцииизмамаистрагатаукинува
Претходен напис ЕК: ЕУ се приближува до климатската цел за 2030 година
Следен напис МФ: Владата ги усвои измените и дополнувањата на Законот за царинска тарифа – се намалуваат царините на 70-тина производи
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?