Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: ЕК: ЕУ се приближува до климатската цел за 2030 година
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > ЕК: ЕУ се приближува до климатската цел за 2030 година
Агровести

ЕК: ЕУ се приближува до климатската цел за 2030 година

Објавено 28/05/2025
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Земјите од Европската Унија се на добар пат да ги намалат емисиите на штетни стакленички гасови за 54 проценти до 2030 година, приближувајќи се до целта на ЕУ од 55 проценти, соопшти денеска Европската комисија.

Проценката се базира на националните планови за клима и енергија во кои земјите-членки треба детално да објаснат како планираат да ја постигнат долгорочната цел на блокот да станат климатски неутрални до 2050 година и да ги намалат емисиите за повеќе од половина до 2030 година во споредба со нивоата од 1990 година, пренесе ДПА.

Комисијата ги повика земјите-членки да останат на курсот и целосно да ги спроведат своите планови.

– Емисиите од 1990 година се намалени за 37 проценти, додека економијата порасна за речиси 70 проценти – докажувајќи дека климатската акција и растот одат рака под рака, рече комесарот на ЕУ за климата, Вопке Хоекстра.

– Сега мора да градиме врз основа на овој моментум, нагласи тој.

– Инвестирањето во чисти технологии и иновации е од суштинско значење за индустриската конкурентност и отвора нови пазари за компаниите од ЕУ. Нашата посветеност на чистата транзиција им дава јасност на инвеститорите и ја зајакнува отпорноста и просперитетот на Европа рече Хоекстра.

Тој нагласи дека сега е одлучувачки момент и оти секој сектор во секоја земја-членка мора да придонесе за реализација.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:2030 годинаЕКЕУклиматската цел
Претходен напис СМО: Глобалните температури веројатно ќе го надминат прагот од 1,5 Целзиусови степени во следните 5 години
Следен напис Грчката Влада ја укинува Агенцијата за земјоделски субвенции по истрагата на ЕУ за измама
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?