Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Петнаесет членки на ЕУ бараат промена на Директивата за данокот на тутунски производи
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Петнаесет членки на ЕУ бараат промена на Директивата за данокот на тутунски производи
Агровести

Петнаесет членки на ЕУ бараат промена на Директивата за данокот на тутунски производи

Објавено 27/05/2025
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Петнаесет земји членки на ЕУ изразуваат незадоволство од сегашната европска Директива за оданочување на производите од тутун и бараат нејзина промена, јави дописникот на МИА од Брисел.

Според дипломатски извори, министрите за финансии и економија на овие 15 земји упатиле писмо до Европската комисија во кое оценуваат дека постоечката законодавна рамка е застарена и е недоволна за справување со актуелните предизвиците на тутунскиот пазар и за регулирање на новите никотински производи.

Потписниците на писмото, исто така, забележуваат и дека продолжуваат проблемите со шверцот и илегалната трговија и производството на тутунски производи, што, според нив, резултира со нарушување на единствениот европски пазар.

Потсетувајќи дека Советот на ЕУ во јуни 2020, како и во февруари годинава ја повика Европската комисија да поднесе нов законодавен предлог или измена на постоечката Директива со цел справување со актуелните предизвици на пазарот на тутун, министрите изразуваат жалење што овие иницијативи не се вклучени во работната програма на ЕК за оваа година.

Министрите сметаат и дека измените на Директивата за оданочување на тутунот треба да се разгледаат независно од ревизијата на Директивата за тутунски производи.

Слична иницијатива лани во декември покренаа 16 земјите членки на ЕУ, барајќи со регулативата за оданочување да се опфатат и новите тутунски производи, како што се електронските цигари. Во споредба со декемвриската иницијатива, кон новиот предлог се приклучи и Австрија, но меѓу неговите потписници повеќе не се Португалија и Хрватска.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:директиваеуземјапроизводитутун
Претходен напис Планирате да инвестирате во РУРАЛЕН ТУРИЗАМ преку ИПАРД, проверете дали населеното место спаѓа во рурални области кои можат да користат средства
Следен напис Инвестирајте во РУРАЛЕН ТУРИЗАМ со ГРАНТ од 600 000 евра преку ИПАРД: Изградба и реконструкција на хотели, ресторани, апартмани…
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?