Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Екологисти од Кавадарци против изградба на две мали хидроцентрали на планината Кожуф 
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Екологисти од Кавадарци против изградба на две мали хидроцентрали на планината Кожуф 
Агровести

Екологисти од Кавадарци против изградба на две мали хидроцентрали на планината Кожуф 

Објавено 26/05/2025
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Екологистите од Кавадарци се против изградба на две мали хидроцентрали на планината Кожуф. Недозволиво е за нечиј бенефит да се уништуваат националните богатства. Вака денеска реагираа кавадаречките еко активисти од регионалното здружение ,,Еко – живот”. 

– Се надеваме дека овој апел ќе допре до највисоките институции и дека ќе покажат еколошка зрелост, истакна претседателот Роберто Паризов, информирајќи дека барање за стопирање на изградбата веќе имаат потпишано неколку вакви субјекти, еколошки, планинарски и други друштва. 

Барањето е адресирано до градоначалниците и советниците во општинските совети на Кавадарци, Демир Капија и Гевгелија. Станува збор за мали хидроелектрани на реката Дошница. 

– Како што знаете, градоначалниците Митко Јанчев, Андон Сарамандов и Лазар Петров, осум еколошки и планинарски здруженија на граѓани, со поддршка на професорите од Природно математичкиот факултет, покренаа иницијатива за прогласување на планината Кожуф за Национален парк. Планината Кожуф се наоѓа на територијата на општините Кавадарци, Демир Капија и Гевгелија. Со површина од 893 км2, е една од ретките планини во Македонија со исклучително богата и единствена флора, фауна, геолошка уникатност, водени ресурси, културни и историски посебности од национално значење, рекоа екологистите. 

Како што истакнаа, предвидената локација за изградба на овие две мали хидроелектрани е на локација која представува единствено природно богатство од светско значење. Со евентуален почеток на градежни активности на оваа локација, подвлекоа,  ќе се изврши екоцид со непроценлива штета.

–  Граѓаните нема да дозволат изградба на овие мали хидроелектрани на оваа локација по никоја цена, пишува во барањето. 

Се бара од градоначалниците и членовите на советите да ја посетат оваа локација и да донесат одлука за времено стопирање на изградбата на овие мали хидроелектрани, се до завршување на изработката на Студијата за валоризација на Кожуф планина како Национален парк.

– Сметаме дека како представници избрани од нас граѓаните, имате законска должност да ги штитите интересите на сопствените граѓани и природните богатства што припаѓаат на општините. Никаков економски интерес на некој оператор неможе да биде поголем од интересот на граѓаните и нивната животна средина, се вели меѓу другото, во писменото барање. 

Граѓаните, се додава,  нема да дозволат продолжување на овој уништувачки напад врз нивната животна средина.

– Ние сме сигурни дека градоначалниците и советниците ќе застанат на страна на граѓаните без разлика на нивната политичка припадност и ќе донесат одлука да се спречи оваа еколошка катастрофа на повидок, пишува во документот потпишан од неколку субјекти. 

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:ДвеЕкологистиКавадарциКожуфхидроцентрали
Претходен напис Во тек реализацијата на проектот за наводнување од Хидросистемот „Лисиче“
Следен напис Што претставува LGG® ПРОБИОТИК и какви се неговите здравствени придобивки
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?