Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Во тек реализацијата на проектот за наводнување од Хидросистемот „Лисиче“
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Во тек реализацијата на проектот за наводнување од Хидросистемот „Лисиче“
Агровести

Во тек реализацијата на проектот за наводнување од Хидросистемот „Лисиче“

Објавено 26/05/2025
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

 Во тек е геодетското мерење  за  изработка на трасата од проектот за изградба на  цевководот за наводнување на земјоделски површини од Хидросистемот„Лисиче“ со кој ќе се наводнуваат околу 3,500 хектари површина во поширокиот велешки регион. Тој ќе биде главен цевковод кој че има  свои секундарни мрежи. Цевководот за наводнување на земјоделско земјиште од ХС „Лисиче“,  ќе започне од селото Лисиче, преку  Голозинци, Еловец,населба Чашка, Отиштино, Сливник, Клуковец, Горно Оризари, и ќе  завршува во селото Раштани.  Покрај цевководот за наводнување на браната од хидросистемот „Лисиче“ планирана е и изградба на 3 мали хидроцентрали.

Како што информира за МИА, Ване Маневски директор на ЈПВ „Лисиче“ проектот за наводнување во земјава  започна да се реализира уште во 2019 година , но  со доаѓање  на актуелната  Влада како нејзин капитален проект  во изминатат година е многу напреднат и забрзано се реализира.

-Се трудиме и даваме натчовечки напори за што поскоро да се реализира овој капитален проект на Владата, кој  ќе се реализира по европски стандарди. Мислам дека со овој значаен  проект ќе ги задоволиме  сите потреби за наводнување на земјоделците од велешкиот поширок регион, бидејќи системот за наводнување значи развој на земјоделското производство. Водата која е благодет за земјоделците  е најважна и  значи и поголем принос на земјоделските култури, потенцира Маневски.

Тој очекува овој капитален Владин проект целосно да се реализира во наредните две-три години.

Инаку овој проект за наводнување на земјоделско земјиште од браната од ХС„Лисиче“ на 19 декември 2019 година тогашната Влада во рамките на Програмата за наводнување во земјава го потпиша со германската КФВ банка ,со рок на отплата од 15 години вклучен грејс период од 5 години. Дополнителн банката обезбеди грант ,а во дел средствата се од Владата на РСМакедонија.

Инаку  со Програмата за наводнување во земјава ќе се опфати површина од 14 илјади хектари земјоделски посеви од кои 3,500 хектари се преку поврзување со  браната од ХС „Лисиче“ во велешкиот поширок регион.

Со програмата за наводнувањ по долината на реката Вардар се опфатени :Стрниште, Лисиче, Коњско и Пепелиште како и изградба на три мали хидроцентрали на браната од ХС „Лисиче“.

Моментално преку постоечкиот цевковод за вода од ХС„Лисиче“ со кој со вода за пиење се снабдуваат велешани и жителите на околните населби,  од трасата на цевководот за вода на Велес, а   со дозвола од ЈПВ Лисиче“ за земјоделците од овој регион се испушта вода за наводнување, но  на само околу илјади хектари земјоделско земјиште во реонот на селата на Општина Чашка и Горно Оризари,што е недоволно да се задоволат сите потреби на земјоделците од овој регион.

-Со Ииградбата на новиот цевковод односно систем за наводнување на земјоделско земјиште од ХС „Лисиче“ , водата од сегашниот цевковод од браната „Лисиче“  ќе се користи исклучува за пиење на велешани, појаснуваат од ЈПВ „Лисиче“.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Лисиченаводнувањепроектотреализацијата
Претходен напис Завршен настан на проект за развој на модерно и одржливо земјодество
Следен напис Екологисти од Кавадарци против изградба на две мали хидроцентрали на планината Кожуф 
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?