Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Во прилепскиот регион зголемен интерес за земјодеско земјиште под концесија, да се зголеми градинарското производство за пониски цени на храната
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Во прилепскиот регион зголемен интерес за земјодеско земјиште под концесија, да се зголеми градинарското производство за пониски цени на храната
Агровести

Во прилепскиот регион зголемен интерес за земјодеско земјиште под концесија, да се зголеми градинарското производство за пониски цени на храната

Објавено 24/05/2025
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Производителите на градинарски производи имаа добра година и пласман на производството и годинашново производство е зголемено за 5 до 10 проценти, оценуваат во прилепската подрачна единица на министерството за земјоделство.

Според Николче Карапеески, раководител на прилепската подрачна единица, и годинава се очекува добар пласман.

-По житарките и тутунот, градинарското производство во Прилепскиот регион е трета најзастапена земјоделска култура. Во споредба со лани, во  годинашново градинарско производство забележуваме зголемен трент, особено на пиперката. Зголемувањето е од околу 5 до 10 проценти.  Тоа се должи на цената што ја постигнаа производителите. Во последниве години производството варира и најмногу зависи од цената на продажба на произведеното. Годинава се очекува дека цената ќе се движи во рамките на ланското ниво и очекуваме производителите да бидат задоволни, вели Карапеески.

Поддршката на државата е по килограм остварен производ, а најголема поддршка имаат пиперките, доматите и краставиците.

– Поддршката се движи од 12 000 до 30 000 денари по хектар, во зависност од видот на градинарската култура. Така, пиоперката, доматот и краставицата добиваат поддршка од 30 000 денари, додека пак  производството на лубеници, дињи, тикви добива поддршка од околу 12 000 денари, а поддршката од остварено производство се движи од 3 до 5 денари за килограм.  Главно, сите градинарски култури се поддржани со по 3, а куртовската капија и производството во мај е со поддршка од 5 денари за килограм производство, објаснува Карапеески.

Интересот за земјоделско производство во Прилепскиот регион е сѐ уште добар. За тоа сведочи фактот дека во последните три огласи за давање под концесија на земјоделско земјиште интересот е голем и се издадени преку 2000 хектари. Главно за едногодишни земјоделски култури. Конкретно со, последниот повик за наем од по 3 хектари, се потпишани 250 договори.

-Во Прилепскиот регион имаше триста апликаци од кои за 250 Министерството за земјоделство склучи договори. Станува збор за 500 до 600 хектари.Според информациите, интересот во Прилепскиот регион за земање земјоделско земјиште под закуп е најголем, смета Николче Карапеески, раководител на подрачната единица на министерството за земјоделстцо во Прилеп.

Според прилепскиот агроном Филип Димкоски, мора да се зголеми домашното производство, да се направи итнас стратегија зашто со сега преполовениот број на земјоделски производители од последните 10 години, не може да се сметаме за земјоделска земја и убвозната зависнот уште ќе ги зголемува цените на пазарот.

-За стабилно градинарско и овоштарско производство не ни треба посебна експертиза, туку само здрава логика. Ако погледнеме дека имаме премало производство, логично дека цените ќе бидат високи, бидејќи ние сме увозно зависни со 80 проценти од храната што ја јадеме. Тоа значи дека оттаму од каде ја увезуваме, државите извозници ги диктираат цените. А кога, како држава не сте производител, вие ќе мора да ја купите храната по цената на оној што извезува и ќе ја даде. Ако се знае фактот дека од 127 00 производители на земјоделски производи во 2014 година, бројката паднала на 62 000 во 2024 година, тоа е повеќе од половина намален број на земјоделски производители. Тоа говори дека земјоделството овде не е веќе грамка која се развива и унапредува, туку, напротив, уназадува и имаме премало производство. Тоа прави да имаме толку високи цени, објаснува Димкоски.

Рој посочува дека решението е во производството и мора да се стимулираат малите производители.

-Секој човек да почне од себе, да ја зголеми својата свест дека ако сака да јаде, мора да произведува, а ако не е во можност да произведува, мора да го зени домашниот производител. И како трето, многу важно решение, државата мора под итно да преземе мерки и чекори за стимулација на домашното производство, смета прилепскиот агроном Димкоски.

МИА

Може да ви се допадне

ДИЗ: Директорот Ангеловски во посета на Тутунскиот комбинат Прилеп
ЦУК: Три пожари на отворено до 13 часот, еден сѐ уште активен
Ресенец нападнат од мечка додека собирал печурки во Курбиново
АХВ издаде забрана за употреба на водата за пиење во Гостивар
АПРЗ во Битола презентираше резултати од анализа на органиска материја и јаглерод во почвите
Таг:земјодеско земјиштеконцесијаприлепскиот регионпроизводствохраната
Претходен напис Најмногу дожд во изминатото деноноќие во Маврови Анови
Следен напис Што се подразбира под – автохтони видови, нов земјоделец, рурален предел, стратешка култура, земјоделски имот…и други поими во Законот за земјоделство и рурален развој
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?