Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Исплата на директни плаќања за остварено производство од домат, пиперка, краставица, корнишон, зелка, грав и компир на отворено и во пластеници
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Субвенции > Исплата на директни плаќања за остварено производство од домат, пиперка, краставица, корнишон, зелка, грав и компир на отворено и во пластеници
Субвенции

Исплата на директни плаќања за остварено производство од домат, пиперка, краставица, корнишон, зелка, грав и компир на отворено и во пластеници

Објавено 23/05/2025
Сподели
1 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денеска ја реализираше исплатата на подмерка 1.5 Дополнителни директни плаќања од подмерка 1.4 за остварено производство од домат, пиперка, краставица, корнишон, зелка, грав и компир на отворено и во пластеници од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година.

Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства кои имаат засадени површини со домат, пиперка, краставица, корнишон, зелка, грав и компир и се корисници од подмерка 1.4 од Програмата за 2024 година, а оствареното производство е предадено на регистриран откупувач, вклучително и произведените градинарски култури за потребите на сопствениот преработувачки капацитет или е користено за домашни потреби или е продадено на пазар.

Висината на дополнителните директни плаќања изнесува 20.000 денари по хектар.

Висината на поддршката е условена со минимални просечни приноси и тоа: 20.000 кг./ха за домат, пиперка 15.000 кг./ха, краставица 30.000 кг./ха, корнишон 30.000 кг/ха, зелка 30.000 кг./ха, грав 1.000 кг./ха и компир 15.000 кг./ха.

По оваа основа се исплатени 105.002.614,00 денари кон 7.158 земјоделци.

Може да ви се допадне

Како до успешно производство на компир
Еве кои земјоделци до 15 мај треба да поднесат барања за субвенции за 2026!
Исплатени 1 060 218 денари за оризова арпа од интервентен фонд
АФПЗРР: Исплатени 3 313 888 денари за складирање на пченица
МЗШВ: Исплатени се близу 94 милиони денари кон околу 2.430 земјоделци
Таг:директни плаќањакомпир
Претходен напис Саем Кина – ЦИЕ: Кинескиот милионски пазар предизвик за македонските компании
Следен напис За викендот дожд, град, грмежи и ветер
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?