Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Европска земја во соседството отвора „продавници за народ“: Планот е да има до 1.500, цените на стоките ќе бидат ограничени
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Европска земја во соседството отвора „продавници за народ“: Планот е да има до 1.500, цените на стоките ќе бидат ограничени
Агровести

Европска земја во соседството отвора „продавници за народ“: Планот е да има до 1.500, цените на стоките ќе бидат ограничени

Објавено 20/05/2025
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Бугарското Министерство за земјоделство лансира нова национална малопродажна мрежа под името „Продавница за народ“, со цел да се понудат основни прехранбени производи со максимална маржа од 10 проценти, со посебен фокус на домашните производи.

Ресорниот министер Георги Тахов, говорејќи пред собраниската комисија за земјоделство, истакна дека стратегијата на Владата е во овие продавници да се даде приоритет на производите од Бугарија. Иницијативата е насочена кон најсиромашните и најоддалечените делови на земјата, каде што инфлацијата и ограничениот пристап до прифатлива храна се најизразени.

Почетниот капитал на државната компанија зад синџирот е пет милиони евра, но се очекува таа бројка значително да порасне, бидејќи планот е да се отворат до 1.500 продавници низ земјата.

„Нашата цел е да го затвориме кругот од производителот до потрошувачот кога станува збор за основните прехранбени производи“, рече Тахов пред пратениците, нагласувајќи ја амбицијата на Министерството да воспостави одржлив канал за дистрибуција за домашните производители.

Остра критика

Идејата за државни продавници, која првпат се појави на крајот на 2024 година, наиде на остри критики од опозицијата и економските аналитичари. Критичарите тврдат дека продавниците се главно отворени во неразвиените области, што според нив потенцијално им дава дополнителен простор на владејачките партии да влијаат врз гласачите од ранливите заедници пред изборите.

Од друга страна, поддржувачите на оваа мерка нагласуваат дека таа е обид синџирот на снабдување со храна да се направи социјално поправеден и поотпорен.

„Сакаме да покажеме дека е можна социјално ориентирана трговија, а притоа да се грижиме за малите места и за ранливите групи“, рече министерот Тахов.

Владата најавува и составување листа на домашни производители чии производи ќе бидат достапни во новите продавници. Според Тахов, целта е да се воспостават директни партнерства со локалните земјоделци и прехранбената индустрија, со што би се скратиле синџирите на снабдување и ќе се намалат трошоците за крајните потрошувачи.

„Не сакаме да се натпреваруваме со постоечките трговски синџири“, додаде министерот. „Нашата цел е да обезбедиме полесен пристап до основните производи за граѓаните кои моментално немаат можност да пазаруваат во близина.

Извор – ТРН

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:народни продавницисиромашницени
Претходен напис Сообраќајот на експресниот пат Градско – Прилеп во целосен прекин поради сообраќајна несреќа
Следен напис Претпладне сонце, попладне локален пороен дожд
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?