Одличен е и за одбивање градинарски штетници.
Ако се греете на дрва, веројатно имате пепел што останува откако ќе согорат. Не го фрлајте, туку искористете го за ѓубрење на доматите.
Наѓубрете ја почвата
Пепелта има хранливи материи кои доматите ќе ги апсорбираат. Богата е со калиум, магнезиум и калциум кои ги одржуваат доматите здрави, го зголемуваат приносот (некои велат дури и двојно), ги одржуваат листовите од доматот силни и способни да ја апсорбираат сончевата светлина.

Зголемете ја киселоста
Доматите сакаат малку кисела почва, pH вредноста треба да биде малку под 7. Ако вашите домати не растат добро, наѓубрете ги со пепел.
Против штетници
Пепелта од дрвата е одлична за отфрлање на полжави и други градинарски штетници. Но, не и кога ќе се навлажни. Затоа погрижете се да ја ставите после наводнување или дожд. Избегнувајте пепелта да паѓа на листовите и стеблата на доматите за да не ги оштетите.
