Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Градинарството како лек: Како работата во природа го подобрува менталното здравје и го продолжува животот
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Градинарството како лек: Како работата во природа го подобрува менталното здравје и го продолжува животот
Магазин

Градинарството како лек: Како работата во природа го подобрува менталното здравје и го продолжува животот

Објавено 13/05/2025
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Истражувањата покажуваат дека градинарството ја зачувува когнитивната функција.

Денес, дури и пациентите со деменција ги жнеат придобивките од т.н. „фарми за нега“.

Маријана Рогстад, пензионирана баба од Норвешка, е доживотен љубител на учењето. Таа поминала пет децении работејќи како хотелски службеник во Швајцарија, опкружена со нови јазици и култури. Но, по враќањето во татковината, ѝ била дијагностицирана деменција. Како резултат, се повлекла и изгубила многу од стимулансите кои ѝ го исполнувале секојдневието — сè додека не се приклучила на Импулсентер, мала „фарма за нега“ во близина на Осло.

Овие фарми за нега се наречени според нивната цел — да одговорат на импулсот на луѓето да работат, да се движат и да бидат поврзани со заедницата. Хенрајт Брингсјорд, чии родители ја основале фармата, вели:
„Мајка ми и татко ми ја сакаа земјоделската работа и знаеја колку е болно за луѓето со деменција да престанат да работат и да се изолираат. Тие сакаа да им помогнат повторно да бидат дел од животот.“

Во 2015 година, Норвешка стана една од првите земји што усвои национален план за грижа за лица со деменција, вклучувајќи и дневни активности како дел од државната програма „Inn på tunet“ (на македонски: „во дворот“). Целта е да се поддржат пациентите преку социјално пропишани активности во природа, познати и како „зелени рецепти“.

Според д-р Мелиса Лем, семеен лекар и истражувач од Универзитетот во Британска Колумбија, градинарството има повеќестрани придобивки:
„Природните рецепти можат да ја зголемат физичката активност и социјалната поврзаност, а воедно да го намалат стресот. Тоа влијае на крвниот притисок, шеќерот во крвта, телесната тежина и го намалува ризикот од болести поврзани со деменција.“

Новите истражувања потврдуваат дека времето поминато во градина има длабоки когнитивни бенефити. Истражувачи од Универзитетот во Единбург спровеле прва студија од ваков вид, споредувајќи резултати од тестови за интелигенција кај истите испитаници на 11 и на 79 години. Учесниците кои градинареле покажале значително подобрување на когнитивните способности во текот на животот, во споредба со оние кои ретко или никогаш не се занимавале со оваа активност.

Во време кога стареењето сè повеќе е предизвик за општествата, градинарството се појавува како едноставно, природно и моќно средство за зачувување на менталното здравје и подобрување на квалитетот на животот — без разлика на возраста.

извор: trn.mk

Може да ви се допадне

Чорба од црвен грав
Пет хрватски плажи рангирани меѓу 50 најубави во Европа за 2026
Печен омлет со тиквички, пиперки и домати
Освежителна зеленчукова салата со тестенини
Денеска е Духовден – Света Троица, празникот што се смета за роденден на христијанската црква
Таг:градинарствоистражувањауниверзитет
Претходен напис Српските млекари и сточари бараат итна средба со министерот за земјоделство
Следен напис Проверете кој зеленчук е најотровен во овој период од годината, а кај нас е многу популарен
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?