Заедно со американската амбасадорка, Н.Е. Анџела П. Агелер ја посетивме фармата Пармачки, која што е препознатлива во регионот по производство на разни сирења од овчо млеко, информира министерот за земјоделство Цветан Трипуновски.

Семејството Пармачки управува со фарма, која има околу 600 овци и истата се наоѓа на самиот влез од селото Будинарци, беровско.
Токму оваа фарма е доказ дека за жената дури ни земјоделството не е тешко.
Г-ѓа Пармачка користи владина поддршка за развојот на фармата, првенствено преку Програмата за рурален развој во рамките на мерките за механизација, Мерка 115 за активна жена членка во земјоделско домаќинство за производство на сирење, а сега во скоро време имаат набавено и машина за молзење преку програмата ИПАРД.

Министерството продолжува да ги надоградува мерките за жените од руралните средини.
Руралната жена е столбот на македонското општество!
Фејсбук статус на Цветан Трипуновски
