Активностите во рамки на проектот „Руралната жена – чувар на планинскиот чај“ продолжуваат со садење на расадот од планински чај во село Тумчевиште. Пред започнувањето на оваа активност беше спроведена подготовка на парцелата, поставување на заштитна фолија, инсталирање на системот „капка по капка“ и правење на отвори на фолијата на местата каде што ќе се сади расадот од чај.

Садењето се изведува со меѓуредовно и редовно растојание од 50 см, при што ќе бидат засадени вкупно 4000 корења. Руралните жени од нашето здружение земаа активно учество во спроведувањето на оваа активност, која претставува ново и вредно искуство за нив и која планираат да ја практикуваат и во иднина.

Оваа иницијатива се реализира во рамки на проектот „Рурални жени – чуварки на планинскиот чај“, финансиски поддржан од CNVP Foundation и Prespa Ohrid Nature Trust – PONT.
