Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Зголемен е интересот за тутунопроизводство, на пазарот се бара македонскиот ароматичен тутун
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Зголемен е интересот за тутунопроизводство, на пазарот се бара македонскиот ароматичен тутун
Агровести

Зголемен е интересот за тутунопроизводство, на пазарот се бара македонскиот ароматичен тутун

Објавено 12/04/2025
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Незначителни и мали се штетите на леите со тутунов расад. Тутунарите кои со расадопроизводството ја почнаа новата производствена година,  навреме ги заштитија од ниските температури леите со посеаниот тутунов расад, велат од Сојузот на земјоделските здруженија кои ја следат ситуацијата на теренот.

-Мали се оштетувањата на тутуновиот расад поради ниските температури. Тоа е поради фактот што нашите тутунопроизводители се добро едуцирани и добро си ги заштитија расадите. Нешто поголеми оштетувања има во реонот на Конче поради надморската височина, но се смета за незначително и нема да влијае врз очекувањата и зголеменото производство на тутун, вели Кире Ристески од Сојузот на земјоделски здруженија.

Нагласи дека за 8 до 10 проценти е зголемен интересот за тутунопроизводство. 

Тутунарите ги склучија договорите со откупувачите кои понудија зголемени цени, но секој различни. Тие наскоро ги очекуваат и субвенциите за ланската реколта.

-Според неофицијалните податоци, во моментов се склучени околу 30.000 договори со откупувачите за очекуван принос од 27.000 тони тутун. Тутунот ќе се засади на површина од околу 14.000 хектари. Зголемувањето е околу 8 до 10 проценти. Интересот е поголем поради добрите цени моментално. И ланската реколта се откупи по просечна цена од речиси 400 денари, па со субвенциите кои ги очекуваме за брзо време килограм тутун е 500 денари, објасни Ристески.

Тутунопроизводството, додаде, е со иднина.  Оваа култура носи девизен прилив, а македонскиот ароматичен тутун се бара на светските пазари.

-По Турција, Македонија е втора по производство на ароматичен тутун. Светските побарувања се 120 милиони тони, а има производство од 100 милиона тони ароматичен тутун, посочи Ристески.

На покана, Сојузот на земјоделските здруженија учествуваше на конференцијата на Европската асоцијација УНИТАБ која ги застапува интересите на европските тутунопроизводители. Очекува во октомври на состанокот во Неапол, Италија да стане членка на европската асоцијација. 

МИА

Може да ви се допадне

УЈП ја почнува третата фаза од проектот за е-фактура
Намален бројот на работници во индустријата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози
АХВ одбележува 15 години постоење
Македонско-грчки ИКТ бизнис форум во Скопје
Таг:ароматичен тутунзголеменинтересотмакедонскиотТутунопроизводство
Претходен напис Денеска е Лазарова сабота, утре Цветници – празници предвесници на Велигден
Следен напис МЗШВ формира посебно одделение кое што ќе се занимава со климатски промени
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?