Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Во застој откупот на оризот од минатогодишното производство
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Во застој откупот на оризот од минатогодишното производство
Агровести

Во застој откупот на оризот од минатогодишното производство

Објавено 07/04/2025
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Оризот од годинашната реколта остана во амбарите – откуп и понатаму нема. На само неколку дена пред официјалниот почеток на новата сезона за производство на ориз, производителите на „белото злато“ во кочанскиот регион незадоволни, но и загрижени, бидејќи, како што велат, над 50 отсто од оризовата арпа сѐ уште им стои во домашните магацини затоа што откупно-преработувачките претпријатија не склучуваат нови договори за откуп, а и цените што ги нудат се неприфатливи во однос на трошоците за производство. 

Откупувачите ја потврдуваат фактичката состојба на терен и посочуваат нивните магацини се преполни со арпа што не се преработува бидејќи подолг период се соочуваат со отежнат пласман на бел ориз на пазарите во соседните земји. 

Меѓутоа, оризопроизводителите проблемот за ваквата ситуација го гледаат во сосема друга насока.

Дополнителен проблем претставува лошата хидролошка состојба во текот на зимскиот период, со што новата сезона за производство на ориз се става под знак прашалник. И покрај интензивните врнежи од дожд деновиве, што двојно го зголемија водостојот на река Брегалница, сепак количините со кои располага акумулацијата Калиманци не се доволни за целосна реализација на планот за сеидба во споредба со минатата година, па оттука годинава можни се и рестрикции на оризовите површини.

Извор – 24Вести

Може да ви се допадне

Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Балканот под удар на невреме: град, поплави и ветер што веќе не личи на обична летна бура
Таг:оризреколтацена
Претходен напис Зимски услови на патиштата: Забрани за товарни возила и задолжителна зимска опрема
Следен напис (ВИДЕО) Неверојатна глетка: Како лозарите во Бургундија го спасуваат родот од мраз
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?