Во просториите на Стопанска комора министерот за земјоделство Цветан Трипуновски одржа работна средба со членови на комората кои се најголемите производители и извозници на јајца.

Помеѓу компаниите од овој сектор беше најавена активна соработка со дистрибутерите и трговците со цел да се задоволи зголемената побарувачка во овој период од годината, а притоа цените да останат на конкурентно ниво, во согласност со пазарните трендови. Македонскиот пазар е стабилен и снабден во доволни количини квалитетни и безбедни конзумни јајца.Ние ќе ги следиме состојбите и ќе бидат преземени мерки доколку се јави потреба – изјави Трипуновски.

