Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Несовесни оштетуваат каналска мрежа за наводнување и фрлаат гранки во Тиквешко
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Несовесни оштетуваат каналска мрежа за наводнување и фрлаат гранки во Тиквешко
Агровести

Несовесни оштетуваат каналска мрежа за наводнување и фрлаат гранки во Тиквешко

Објавено 25/03/2025
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Несовесни лица оштетуваат каналска мрежа за наводнување и фрлаат гранки во каналот во Тиквешко, со што предизвикуваат штети и проблеми за вработените во водостопанското претпријатие, а со тоа индиректно ги оштетуваат и земјоделците кои наводнуваат од хидромелиоративниот систем ,,Тиквеш”. 

Ова денеска го изјави за МИА, Атанас Ризов, директор на подружницата ,,Тиквеш”, на АД Водостопанство. 

-Бележиме кражби како на државен имот, дел од системот за наводнување, така и кај приватни лица водокорисници, на кои им крадат делови од личниот имот за полевање на земјоделските култури. Токму деновиве имавме таква кражба на решетки на главните линии за наводнување, што имаат за цел да го собираат отпадот да не влегува во каналот за наводнување. Случајот ќе го пријавиме и во полиција, рече Ризов.

Тој потсети дека мината наводнувачка сезона, но и сега, се соочувале и со проблем, несовесни да сечат дрвја и гранките да ги фрлаат во каналската мрежа. 

– Ние ги исчистивме сите канали во пресрет на наводнувачката сезона која започнува на 15 април. Доколку се фрла отпад во каналите, ќе се сопира водата и таа ќе нема можност да дојде до потрошувачите, а постои и опасност од кинење на каналите и поголеми штети, подвлече Ризов.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:наводнувањеНесовесни оштетуваатТиквешко
Претходен напис Најмногу врнежи во Маврово, најстудено на Попова Шапка
Следен напис До крајот на март ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?