Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Субвенција од 1.000 денари за месечната сметка за струја за ранливите потрошувачи
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Фондови > Субвенција од 1.000 денари за месечната сметка за струја за ранливите потрошувачи
Фондови

Субвенција од 1.000 денари за месечната сметка за струја за ранливите потрошувачи

Објавено 24/03/2025
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини објави јавен оглас за финансиска поддршка за потрошена електрична енергија за 2025 година, наменета за лица кои спаѓаат во категоријата ранливи потрошувачи на енергија со цел да се обезбеди директна поддршка за граѓаните на кои им е најпотребна.

Со огласот се предвидува Министерството да им доделува финансиска поддршка преку намалување на месечната сметка за потрошена електрична енергија во износ од 1.000 денари месечно, сметано од денот на поднесување на барањето. Поддршката ќе се доделува во текот на 12 месеци или до исцрпување на предвидените средства согласно програмата.

Рокот за поднесување на барањата изнесува 30 дена од денот на објавување на јавниот оглас. Заинтересираните лица треба да поднесат пополнет образец за барање (Образец 1 или Образец 2, во зависност од категоријата) достапен во архивата на Министерството или на официјалната веб-страница www.energy.gov.mk.

Со барањето е потребно да се достават изјава заверена на нотар за точност на приложената документација; фотокопија од Решение за стекнато право на посебен додаток или надоместок за згрижување; фотокопија од последната сметка за потрошена електрична енергија; фотокопија од лична карта на барателот; и доказ за членовите на домаќинството.

Финансиската поддршка е наменета за домаќинства со едно или повеќе деца со попреченост, корисници на посебен додаток согласно Законот за заштита на децата, чиј вкупен нето доход во 2024 година на месечно ниво не го надминувал износот од 42.000 денари за домаќинство со два члена, 60.000 денари за домаќинство со три члена, и 80.000 денари за домаќинство со четири и повеќе члена.

Финансиска помош можат да добиваат и згрижувачи кои згрижуваат едно или повеќе лица во своето семејство и се корисници на надоместок за згрижување согласно Законот за социјалната заштита, при што нивниот вкупен нето доход на месечно ниво не го надминувал предвидениот праг според бројот на членови во домаќинството (од 42.000 до 160.000 денари).

Лицата кои веќе користат гарантирана минимална помош и добиваат паричен додаток за енергенси во согласност со Законот за социјална заштита, како и старите лица кои користат финансиска поддршка согласно Законот за социјална сигурност на стари лица, не се опфатени со оваа мерка.

Заинтересираните повеќе информации може да најдат на веб-страницата www.ea.gov.mk или на [email protected].

Може да ви се допадне

Делови од Ѓорче Петров и Карпош денеска без струја, a без вода ќе бидат повеќе населби во Скопје
Која е разликата меѓу Јавен ОГЛАС и Јавен ПОВИК за земјa
Речиси 80 отсто од потрошувачката на струја во март е обезбедена од домашно производство
Делови од Бутел, Радишани и Кучевишка Бара без вода, дел од Раштак без струја
Без вода делови од Бутел, Радишани и Кучевишка Бара, а без струја делови од Кисела Вода и Студеничани
Таг:меркаогласранливи категорииструја
Претходен напис Бензините поскапуваат, дизелот поевтинува
Следен напис Мицкоски: Цената за откуп на тутун е 400 денари по килограм и 100 денари субвенции, продолжуваме посветено да работиме во интерес на земјоделците
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?