Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Бензините поскапуваат, дизелот поевтинува
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Бензините поскапуваат, дизелот поевтинува
Агровести

Бензините поскапуваат, дизелот поевтинува

Објавено 24/03/2025
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за половина до еден денар, а цената на дизелот се намалува за половина денар по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,04 отсто во споредба со претходната пресметка.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за половина денар по литар и ќе изнесува 75 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 поскапува за еден денар и ќе се продава за 77,5 денари по литар, додека цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за поливина денар и ќе изнесува 68 денари за литар. Со одлуката на РКЕ  не се менува малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и останува 68 денари за литар, а цената на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,590 денари за килограм и ќе изнесува 40,755 денари.

Од РКЕ велат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 2,721 отсто и кај екстра лесното масло за 0,706 отсто, додека кај дизелот има намалувањето за 0,522, а кај мазутот за 1,881 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,1162 отсто.

МИА

Може да ви се допадне

Борче Серафимовски: Резултатите ќе ги мериме според тоа што реално добива македонскиот земјоделец
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози
Меѓународна работилница за ароми во храна и пијалаци на Земјоделскиот факултет при УГД-Штип
Без вода дел од улицата „Партениј Зографски“, а без струја корисниците на улицата „Тодор Чангов“ во Аеродром
Собранието ја изгласа реконструкцијата на Владата: Борче Серафимовски е новиот министер за земјоделство
Таг:Бензинитедизелотпоевтинувапоскапуваат
Претходен напис Исплата на директни плаќања од програмата за 2024 година
Следен напис Субвенција од 1.000 денари за месечната сметка за струја за ранливите потрошувачи
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?