Веселин Илов – село Долни Балван преку ИПАРД програмата набави нов трактор СОЛИС 60
Честитки и со здравје да се работи – објави на ФБ компанијата Хемометал.

Земјоделецот Веселин Илов јавноста го запозна преку неговата изјава за Агротим во која вели дека од земјоделското производство добро се заработува ако се работи професионално и се инвестира во производството.

Веселин обработува 30 ха земја, дел под концесија од државата, дел негова. Од 2008 година се занимава активно со земјоделско производство, инвестира во секоја сезона со квалитетно семе, ѓубрива, заштитни средства, наводнување…се она што значи добивање висок принос. Користи редовно субвенции (како 65 000 други земјоделци и стопанства), аплицирал и добил трактор преку ИПАРД (како илијадници земјоделци во државата) и го обезбедил пласманот на производите. Но најважно од се, целосно е посветен на земјоделското производство, професионално ги извршува сите агротехниччки мерки и од сето ова тој е задоволен и кажува дека добро заработува.


Покрај трактор од Хемометал има набавено и друга приклучна механизација, а за соработката со компанијата има само пофални зборови.


