Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: МЖСПП: Во интерес на заштита на животната срeдина и здравјето на луѓето, граѓаните треба да ја поддржат изградбата на стандардна регионална депонија во Новаци
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > МЖСПП: Во интерес на заштита на животната срeдина и здравјето на луѓето, граѓаните треба да ја поддржат изградбата на стандардна регионална депонија во Новаци
Агровести

МЖСПП: Во интерес на заштита на животната срeдина и здравјето на луѓето, граѓаните треба да ја поддржат изградбата на стандардна регионална депонија во Новаци

Објавено 14/03/2025
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерството за животна средина и просторно планирање во пресрет на најавените протести во Општина Битола поврзани со локацијата за регионалната депонија во Општина Новаци, со соопштение до јавноста посочи дека во интерес на заштитата на животната средина и здравјето на луѓето, граѓаните треба да ја поддржат изградбата на стандардна регионална депонија во Новаци.

Од МЖСПП информираат дека за изградбата на регионалните системи за управување за отпад потребни се големи финансиски средства за кои општините немаат капацитет да ги обезбедат, а МЖСПП во изминатиот период работеше на обезбедување на овие средства и на подготовка на планска документација за реализирање на регионалниот систем за управување со отпад.

-Проектот за изградба на оваа нова санитарна депонија е подготвен во јуни 2017 година во рамки на проект финансиран од ЕУ. Дел од средствата беа обезбедени како грант, преку ИПА фондовите, потоа е потпишан договор со Европската Банка за Реконструкција и Развој (ЕБРД) за реализирање на проект за техничка помош кој даде насоки за начинот на финасирање на регионалните системи за управување со отпад за четири региони. Тука припаѓа и Пелагонискиот регион, кој заедно со Југозападниот претставуваат еден регион за управување со отпад. По препорака на ЕБОР депонијата Новаци наместо да добива отпад само од 9-те општини од Пелагонискиот регион ќе добива отпад од  18-те општини од двата региона. Ова е дефинирано со Планот за управување со отпад на Република Северна Македонија 2021-2031 година, кој воедно беше дискутиран на јавни расправи на кои се запозна целата јавност и потоа истиот беше донесен од страна на Министерот за животна средина и просторно планирање, соопштија од МЖСПП.

Регионалната депонија е предвидено да биде изградена на девастирано,оштетено земјиште кое со ваквото искористување ќe даде бенефит и за населението и за животната средина. На депонијата ќе завршува најмногу до 50 насто од отпадот што се генерира од сите општините, бидејќи регионалниот систем предвидува примарна селекција на отпадот што може да се рецилкира и кој ќе заврши во инсталиции за преработка.

-Со изградбата на регионалната санитарна депонија, посочуваат од МЖСПП, ќе се создадат услови за добро и контролирано управување со отпадот, како решение на сегашните проблеми за животната средина и здравјето што произлегуваат од стотиците диви ѓубришта во Пелагонискиот регион и особено од штетното влијание на постоечката локација за отстранување на отпад во Мегленци која се користи од страна на општина Битола.

Инвестициската структура за воспоставување на овој основен заеднички систем за управување со отпад за Југозападен и Пелагониски изнесува 30.1 милиони евра, средства кои не можат општините во регионите сами да ги обезбедат и затоа, нагласуваат од МЖСПП одлуката за протестите е неоснована бидејќи граѓаните на Општина Битола не се запознаени доволно со овој проект.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:депонијазаштитаздравјетоМЖСППНовацистандардна
Претходен напис Во Кавадарци се реализира дегустација пред Фестивалот на ракија
Следен напис Пуштен во употреба големиот тунел во Албанија, од Дебар до Тирана за еден час
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?