Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: МЗШВ: Успешно ги завршуваме инфоденовите, ИПАРД караванот беше на 29 локации низ Македонија
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Јавни огласи и повици > МЗШВ: Успешно ги завршуваме инфоденовите, ИПАРД караванот беше на 29 локации низ Македонија
Јавни огласи и повици

МЗШВ: Успешно ги завршуваме инфоденовите, ИПАРД караванот беше на 29 локации низ Македонија

Објавено 14/03/2025
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) соопшти дека денеска е последен ден од ИПАРД инфокараванот кој се реализираше во изминатите три недели при што биле одржани инфо средби со потенцијални корисници за Mерка 1 „Инвестиции во основни средства на земјоделски средства“ од ИПАРД 3 Програмата (2021-2027), низ сите региони во Македонија.

Како што наведува, тимовите од Телото за управување со ИПАРД при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ), Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (АПРЗЗ) и Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството (АПРЗ) посетиле 29 локации и оти „таргет на инфо караванот“ биле земјоделските региони во  Новаци, Могила, Тетово, Јегуновце, Свети Николе, Велес, Карбинци, Штип, Кавадарци,Тимјаник, Прилеп, Кривогаштани, Босилово, Василево, Конче, Радовиш, Берово, Виница, Неготино (општина Врапчиште), Гостивар, Кочани, Облешево, Велешта, Мислешево, Демир Хисар, Кравари, Куманово, Липково и Петровец.

-Тоа се региони кои имаат развиено децениско земјоделско производство и токму затоа беа посетени од нашите тимови, со цел на сите кои планираат да аплицираат на јавниот повик за мерка 1, да им се објаснат условите и постапката за аплицирање. Се одговорија сите поставени прашања, се што не им беше јасно на идните апликанти беше детално објаснето, сите беа повикани слободно да ги контактираат колегите од АПРЗ за да добијат бесплатна помош за изработка на апликациите. Со ваквата поддршка им овозможуваме на идните апликанти да имаат добро подготвени апликации, а со тоа и успешноста на јавниот повик е загарантирана, информира МЗШВ.

Можноста што ја нуди Мерка 1 преку јавниот повик кој е во тек, посочува Министерството, треба да се искористи особено во селата кои имаат реално земјоделско производство и живеат од тоа. На располагање се 7,4 милиони евра кои треба да бидат инвестирани во домашното земјоделско производство.

-Целта е заедничка, со поддршка на средствата од ИПАРД Програмата (2021-2027), заедно да го модернизираме домашното производство со нова современа земјоделска и приклучна механизација за производство и постбербени активности, нови или реконструирани фарми или помошни објекти, инвестиции во производство на енергија од обновливи извори, како и инвестиции во преработка и директен маркетинг на сопственото земјоделско производство на фарма, се наведува во сопштението. 

Инфо караванот завршува денеска на средба во Петровец, со почеток во 14 часот, во просториите на општинската зграда Петровец.

МЗШВ ги потсетува сите заинтересирани корисници дека јавниот повик 01/2025 истекува на 29 март и посочува дека има доволно време да се подготват апликациите и навремено да се поднесат до Платежната агенција.

Иако инфо деновите завршуваат денеска, тимовите од институциите и понатаму ќе бидат достапни за прашања и консултации. За таа цел МЗШВ ги наведува веб-страниците и телефонските броеви:

Тело за управување со ИПАРД фондовите при Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство – https://ipard.gov.mk или 02/3134-477 локал 113, 114 и 115,

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој – http://www.ipardpa.gov.mk или на 02/3097-460 и 070/229-434 (сектор за одобрување на проекти), 070/229-328 (сектор за одобрување на исплати),

Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството – http://agencija.gov.mk/ или на 047/228-330 и 047/228-370.

МЗШВ

Може да ви се допадне

До 15 јуни производителите на вино можат да аплицираат за финансиска поддршка на инвестициите
Просечната работна недела во ЕУ е 35,9 часа, во Македонија 39,5
Јавен повик 1/2026 за доделување на користење на рибите и другите водни организми од рекреативната зона „Брегалница-Штипска“
Општина Илинден со субвенции до 10.000 денари за инвертер клими и соларни панели
Лидл Северна Македонија продолжува со инвестиции, нови вработувања и развој на домашната економија
Таг:инфоденовитекараванотМакедонијамзшв
Претходен напис Висината на минималната плата останува отворено прашање, се чека седница на ЕСС
Следен напис Исплата на субвенции за одгледани и продадени или заклани бројлери во регистрирани кланични капацитети и за амортизирани несилки
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?