Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Висината на минималната плата останува отворено прашање, се чека седница на ЕСС
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Висината на минималната плата останува отворено прашање, се чека седница на ЕСС
Агровести

Висината на минималната плата останува отворено прашање, се чека седница на ЕСС

Објавено 14/03/2025
Сподели
6 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Економско-социјалниот совет до крајот на месецов треба да одржи седница на која би се разговарало за минималната плата и за колку таа би била зголемена. Според законското решение, зголемувањето би било околу 1.800 денари, а Сојузот на синдикати бара зголемување за 6.000 денари со оглед на трошоците на живот, а придонесите за разликата до 30.000 денари, колку што би изнесувала минималната плата, една година да ги субвенционира Владата. Од Владата остануваат на ставот дека се согласуваат со решение што ќе го договорат работниците и работодавачите, но велат дека во Буџетот не се предвидени средства за оваа намена. 

Од Министерството за економија велат дека мора прво Комисијата за репрезентативност да ја утврди репрезентативноста на синдикатите, а потоа да се закаже седница на Економско-социјалниот совет. Комисијата за репрезентативност беше формирана во вторникот и од неа се очекува да закаже седница за да ја утврди репрезентативноста. 

Премиерот Христијан Мицкоски вчера во изјава за медиумите рече дека седница на Економско-социјалниот совет би можела да се одржи во втората половина од месецов, повторувајќи го притоа ставот дека како Влада ќе поддржат решение за минималната плата што ќе го договорат работниците и работодавачите. 

– Секој оној договор што тие ќе го постигнат, ние како Влада ќе го поддржиме. Предлогот, којшто го слушнав од еден од претставниците на работниците, конкретно претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија се разликува од оној предлог од пред неколку месеци, кога оваа Влада беше избрана како Влада. Не почекаа ниту една недела да биде избрана излегоа со предлогот 400 евра минимална плата. Сега кога видоа дека законски ќе дојдеме до 400 евра се бара минимална плата од 500 евра. Еве јас велам ни 500 евра не се доволни, можеби треба 1.000, можеби треба 2.000 и тука немам никаква дилема. Јас апсолутно сум работник, како и сите други работници и сакам сите ние да имаме поголеми плати, рече Мицкоски.

Според Сојузот на синдикати на Македонија, созреано е времето социјалните партнери да си подадат рака и да го унапредат животниот стандард на работниците, но и да го сочуваат квалификуваниот кадар. Велат растот на цените е огромен и апелираат да почнат да се применуваат колективните договори со цел паралелно да растат и останатите плати.

Претседателот на Сојузот на синдикати Слободан Трендафилов вчера рече дека работниците очекуваа Владата да испорача брзи, ефективни и ефикасни решенија за зачувување и унапредување на животниот стандард. 

– Сеирџии не ни требаат, ни требаат партнери што ќе седнат со нас на маса и ќе разговараат за овие битни прашања, не ни трабаат луѓе кои само ќе не ислушаат, не ни требаат психијатри, туку луѓе кои ќе одлучуваат и кои ќе застант цврсто на тоа што ќе го одлучат во интерес на работниците. Нејасно е како Владата еднострано одлучи да се изземе од трипартитниот социјален дијалог. Ако едниот од партнерите во трипартитниот дијалог се изземе од процесот на демократија, очигледно смета дека не треба да има демократски процеси по одредени прашања во државата, рече Трендафилов. 

ССМ очекува во најбрзо  време Комисијата за репрезентативност да се состане и да ги разгледа нивните документи со што ќе биде потврдена репрезентативноста.

– Чекаме да излезе решението во Службен весник и да добиеме покана на која ќе ги образложиме списоците што ги имаме доставено до надлежното Министерство уште во декември минатата година. Нашите очекувања се дека овој позитивен сигнал што го направи Владата ќе резултира со брза и ефикасна работа на Комисијата која ќе овозможи донесување решенија за утврдување репрезентатиувност на ниво на територија за да може да се откочат трипартитните економско-социјални тела како Комисијата и ЕСС, за да може да се заокружи целиот процес особено со потребата од растот на минималната плата, но и да се откочи процесот на колективните преговарања и договарања, како и склучувањето на колективните договорои преку доделување репрезентативност во јавен и приватен сектор, а се разбира и на гранските синдикати, истакна Трендафилов.

Предлогот на ССМ е минималната плата да изнесува 30.000 денари, а работодавачите една година да бидат ослободени од плаќање на социјалните придонеси, односно нив да ги субвенционира државата. Доколку не се зголемат платите, ССМ најавува протести. 

Во март треба да се изврши усогласување на минималната плата според утврдената методологија – 50 проценти од порастот на просечната нето плата за претходната година и 50 проценти од порастот на индексот на трошоците на живот објавени од Државниот завод за статистика. Според овие пресметки, минималната плата од март би требало да биде зголемена за околу 1.800 денари или да изнесува 24.400 денари, односно 400 евра.

Државниот завод за статистика во февруари измери дека трошоците на животот во февруари во однос на јануари се зголемени за 0,5 проценти и дека зголемување има кај храната и пијалоците за 1,4 проценти, мебелот и покуќнината за 0,6 проценти, домувањето за 0,5 проценти… Во однос на февруари лани, трошоците на живот се зголемени за пет проценти, а цените на мало за 4,2 проценти. 

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:ВисинатаЕССминималната платапрашање
Претходен напис Сообраќајот се одвива непречено, по претежно суви коловози
Следен напис МЗШВ: Успешно ги завршуваме инфоденовите, ИПАРД караванот беше на 29 локации низ Македонија
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?