Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Комората на трговци повикува на  соработка за унапредување на секторот трговија
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Комората на трговци повикува на  соработка за унапредување на секторот трговија
Агровести

Комората на трговци повикува на  соработка за унапредување на секторот трговија

Објавено 13/03/2025
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Комората на трговци повикува на  соработка за унапредување на секторот трговија

Стопанската комора на трговци на големо и мало, претежно со прехранбени и непрехранбени производи, пијалоци и тутун, упатува апел за соработка, до сите засегнати страни, со цел изнаоѓање трајни решенија, за предизвиците во секторот трговија.

Комората има за цел, да гради партнерски однос со сите институции,во интерес на заеднички  бенефит,наместо да биде поставена во позиција на конфронтација.

Како   регистриран правен субјект, Комората  ги застапува интересите на стопанските субјекти, кои претставуваат двигател на  економијата.

Преку своето работење, Комората на своите членки  им овозможува:

-Пристап до релевантни иформации, едукации и правни совети,

-Учество на саеми и настани,

-Можности за финансирање,

– Поддршка во унапредување на регулативата во секторот.

Во фокусот на нашата работа е подобрување на законската регулатива, особено во делот на економските и правните спорови, како и спроведување на Законот за заштита  од нефер трговски практики, кој треба да придонесе за стабилизирање на цените и избегнување на прекумерни казни за трговците,дистрибутерите и производителите.

Комората, како силен партнер во создавање стабилна деловна средина,со 56 основачи- претставници на мали и средни компании, локални маркети и дистрибутери  од сите градови во државата,  ќе игра клучна улога во создавањето на фер и стабилна деловна средина, заштитувајќи ги интересите на сите учесници во трговијата со прехранбени и сродни производи.

Комората е активен учесник во креирањето на економските политики и е партнер во дијалогот со Владата,институциите и сите засегнати страни.

Ние, внимателно ги следиме актуелните состојби и пазарните динамики.Загрижени сме од перцепцијата која се создава во јавноста, дека нашето работење е во конфликт со Владата и државните институции.Ова, сакаме јасно да го демантираме – ние не водиме „војна“, туку повикуваме на партнерство и конструктивен дијалог, за наоѓање соодветни решенија, кои ќе ги минимизираат ризиците и ќе помогнат во надминување на идните предизвици.

Членките на Комората, претставуваат значајна сила во секторот трговија и дистрибуција, со:

-86 трговски фирми

-близу 1000 продавници

– над 8000 вработени.

Нашата улога ќе биде да обезбедиме стабилна деловна средина и фер  односи за сите учесници во секторот трговија со прехранбени и непрехранбени производи.  

Во оваа насока, ги повикуваме сите засегнати страни – институции,организации и стопански субјекти – на дијалог и соработка, со цел заедничко унапредување на условите за работа во трговијата.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:коморасоработкатрговци
Претходен напис (ВИДЕО) Во „Хемометал“ – гужва, земјоделците заинтересирани за „СОЛИС“ тракторите и друга механизација
Следен напис Митовски: Крајно време е да запре заложништвото на градот од несовесните одгледувачи на добиток
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?