Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Протест во сабота против изградба на регионална депонија во Новаци
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Протест во сабота против изградба на регионална депонија во Новаци
Агровести

Протест во сабота против изградба на регионална депонија во Новаци

Објавено 11/03/2025
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

И покрај уверувањата на властите дека изградбата на регионалната депонија во Новаци нема да има негативни импликации битолчани се помасовно даваат поддршка за саботниот протест кој е закажан да се одржи од 12ч пред општинската зграда.

Граѓаните немаат доверба во институциите дека имаат капацитет да ја одржуваат новата современа депонија.За граѓанските активисти спорна е количината на смет,велат дека е премногу 18 општини да депонираат смет кај Новаци. Бараат референдум и преиспитување на локацијата.

Од граѓанското здружение „Збогум Буково” велат дека недовербата кај граѓаните е оправдана но уверуваат дека стандардната депонија е во согласност со сите национални и европски барања, ќе овозможи долгорочно безбедно отстранување на комуналниот отпад и затворање на сите постоечки диви и нестандардни депонии. 

„Депонијата ќе биде проектирана да ги исполнува потребните услови за спречување на загадувањето на почвата, подземните води или површинските води и ефикасно собирање на исцедокот. Подлогата на депонијата ќе биде во согласност со европските и националните барања и стандарди и ќе вклучува (од долу нагоре) геолошка бариера, геомембрана, геотекстил и слој за дренажа. Локацијата е во еден дел од рудникот за лигнит „Суводол“, каде рударските активности се запрени долг период (површинските седименти и продуктивниот слој на лигнит се ископани). 

Локацијата не вклучува хидрантски точки. Црна Река тече на 6,5 km од локацијата и претставува главна одводна артерија за целата област. Нема бунари за испумпување на подземните води во рамките на локацијата. На околу 2,5км од локацијата, се наоѓа група бунари, кои служат за дренажа на постојната област со рудник за ископување лигнит и за намалување на нивото на подземните води.

Од општина Битола велат дека граѓаните треба да бидат спокојни оти во Пелагонија ќе се гради регионален систем за управување со отпад, а не како досега нестандардна депонија за складирање на ѓубришта.

Инаку, Министерството за животна средина подготвува тендерска документација за избор на изведувач што се очекува да заврши до 2025 година, а доколку навреме отпочнат работите  изградбата на Центарот за управување со отпад треба да заврши до крајот на 2027 година.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:депонијановацисмет
Претходен напис АФПЗРР продолжува со исплати по повеќе мерки
Следен напис Договорно производство: „Кристал 1923“ ги повикува производителите на СОНЧОГЛЕД да склучат договори за откуп
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?