Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: ФИТР со повик за доделување награди на иницијативи кои го поддржале учеството на младите во истражувачко-развојните сектори од Западен Балкан
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Јавни огласи и повици > ФИТР со повик за доделување награди на иницијативи кои го поддржале учеството на младите во истражувачко-развојните сектори од Западен Балкан
Јавни огласи и повици

ФИТР со повик за доделување награди на иницијативи кои го поддржале учеството на младите во истражувачко-развојните сектори од Западен Балкан

Објавено 06/03/2025
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) објави повик „Натпревар за успешни иницијативи од Западен Балкан“ на кој вкупно 18.000 евра ќе се доделат како признание на шест иницијативи кои ги поттикнуваат младите да истражуваат и создаваат иновации. Наградите ФИТР ги организира во рамки на европскиот проект POLICY ANSWERS, во кој Фондот ја доби главната улога во пилотирање на мерки за поддршка за истражување, развој и иновации во сите економии од Западен Балкан. Проектот е финансиран од програмата Хоризонт Европа на Европската Комисија.

– Овие награди ги вреднуваат, препознаваат и слават извонредните иницијативи фокусирани на младите од Западен Балкан, кои значително успеале да ги вклучат младите (15 – 29 години) во истражување и иновации помеѓу 2020 и 2024 година. Целта на наградите е да се потенцираат успешните приказни за истражување и развој фокусирани на младите од Западен Балкан и да се промовираат можности за учење и професионално усовршување во истражувањето и иновациите, стои во соопштението од ФИТР.

Повикот е наменет за сите правно-основани организации (микро претпријатија, мали и средни претпријатија, граѓански организации, училишта, универзитети или други субјекти) со седиште или фокусирани на земјите од Западен Балкан (Северна Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора или Србија). На натпреварот, вкупно шест победници од регионот ќе добијат награда во вредност од 2.000 евра со сите платени трошоци за учество, една главна награда во вредност од 6.000 евра, регионално признание за влијателни иницијативи фокусирани на младите и шанса да ја инспирираат следната генерација иноватори.

Рокот за пријавување за учество на натпреварот е до 18 април 2025 година. Повеќе информации за натпреварот можат да се добијат на следниот линк: https://westernbalkans-infohub.eu/calls/policy-answers-call-for-participation-western-balkans-research-and-innovation-youth-awards/ 

Може да ви се допадне

Повик за пријавување на штети на земјоделски насади од природна  непогода – голомразица на територијата на Општина Ресен
Можеме ли да ги ублажиме пожарите на ниво на предел во Западен Балкан?
До 15 јуни производителите на вино можат да аплицираат за финансиска поддршка на инвестициите
Јавен повик 1/2026 за доделување на користење на рибите и другите водни организми од рекреативната зона „Брегалница-Штипска“
Анкета: Бизнисите од Западен Балкан бараат итно укинување на трговските бариери
Таг:Западен БалканиницијативимладитеповикФИТР
Претходен напис Сообраќајот тековно и без застои
Следен напис СВР-Битола апелира да не се палат стрништата на нивите
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?