Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Сушено овошје – Дали и колку треба да конзумираме
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Сушено овошје – Дали и колку треба да конзумираме
Магазин

Сушено овошје – Дали и колку треба да конзумираме

Објавено 28/02/2025
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Сушењето претставува одличен начин да се продолжи рокот на овошјето, а сепак да се зачува дел од неговиот вкус, арома, и нутритивни вредности. Преку процесот на сушење (отстранување на водата), овошјето има и подолг рок на траење.

Придобивката е  тоа што може да стои подолго време од свежото овошје и е одлично за грицкање во услови кога не можете да користите фрижидер за овошјето да ви трае подолго.

Сушеното овошје се смета за одличен извор на растителни влакна, витамини, минерали и антиоксиданти (особено полифенолите). Без разлика дали се додава во леб, овесни снегулки, колачи или се консумира самостојно, сувото овошје е несомнено популарно и ден-денес во целиот свет.

ПРОТИВ сушено овошје

Сушеното овошје  има поголема концентрација на глукоза и калории преку дехидрација а ја губи количината на витамини што би ја имало доколку е свежо.  

Ако ја надминете препорачаната доза (2-3 смокви, 2-3 урми, 3-4 сливи, неколку суво грозје), ризикувате да добиете вишок килограми.  На дијабетичарите не им се препорачува да јадат сушено овошје токму поради нивната висока содржина на јаглени хидрати. Вишок маснотии, покрај маснотиите, сувото овошје може да предизвика проблеми со желудникот, па дури и со бубрезите.

ЗА сушено овошје

Смокви: содржат витамини (А, Б1, Б2), калциум, железо, фосфор, манган, натриум, калиум, хлор. Калиумот им помага на бубрезите да функционираат нормално и е неопходен за работата на срцето. Неодамнешните студии покажуваат дека калиумот во овошјето и зеленчукот го намалува крвниот притисок. Содржината на омега 3 и омега 6 масни киселини, исто така, помага да се намали ризикот од корорнарна срцева болест.

Суви кајсии

Од сите типови сушено овошје, сувите кајсии се карактеризираат со најголема количина на бета-каротин, антиоксиданс што ги подобрува мозочните функции и го намалува ризикот од појава на дијабетес тип 2. Сувите кајсии изобилуваат со диетални влакна, калиум, витамин Е и бакар. Доколку сте чувствителни на сулфити, конзерванси што го зголемуваат рокот на траење на овошјето, побарајте суви органски кајсии што не биле третирани со овој конзерванс.

Суви сливи

Иако истражувањата покажале дека влакната што се наоѓаат во сувите сливи можат да ја зголемат фреквенцијата на столицата, сепак добро е да се знае дека се одличен избор во случај на нередовна и тврда столица. Тие придонесуваат и за регулирање на крвниот притисок. Сувите сливи се значителен извор и на витамин Б што придонесува за правилен протеински метаболизам.  

Суви вишни

Консумирањето суви вишни може да доведе до намалување на болката во мускулите, но и да биде превенција од воспаление. Освен тоа, сувите вишни изобилуваат со витамин Ц и бета-каротин. Бидејќи не секогаш можете да ги најдете, ви препорачуваме да ги исушите во рерна што има функција за сушење храна.

Суви урми

Можеби нема подобро овошје од урмите за моментите кога имаме потреба од нешто благо. Од сите сите суви овошја, урмите се сметаат за еден од најдобрите извори на антиоксиданти. Тие имаат низок гликемиски индекс, па се погодни за луѓето кои имаат проблеми со нивото на шеќер во крвта. Сепак, тие содржат висок процент на шеќер, па нивната консумација треба да биде умерена.

Може да ви се допадне

Чорба од црвен грав
Пет хрватски плажи рангирани меѓу 50 најубави во Европа за 2026
Печен омлет со тиквички, пиперки и домати
Освежителна зеленчукова салата со тестенини
Денеска е Духовден – Света Троица, празникот што се смета за роденден на христијанската црква
Таг:антиоксидансисушено овошјеурми
Претходен напис За викендот дожд и повремено снег
Следен напис Променливо облачно со повремен локален дожд
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?