Во изминатата седмица имавме стабилно време со ниски утрински температури кои беа во границите на издржливост за за културите.
Ова е период кога се започнува со садење на ранo градинарските култури. Овде спаѓаат некои листостеблени, коренови и лукови зеленчукови култури каде поголем дел од нив се отпорни на ниски температури. Раниот компир се сади по можност кога температурата на почвата на длабочина 10 сm е околу 7-8 °C. Морковот е доста отпорен на ниски температури. Семето рти на 3-4°C, младите растенија издржуваат мраз -4°C. Поголем дел од нив се одгледуваат во пластеници и тунели. Исто и спанаќот е студоотпорно растение, добро вкоренети растенија издржуваат -10°C.
Доколку почвените услови дозволуваат земјоделските производители да продолжат со грижа за нивните посеви, подготовка на почвата за рано пролетно садење на некои градинарски култури, внесување на потребните ѓубрива, како и примена на сите потребни земјоделски активности и агротехнички мерки.
Денес ќе има локални врнежи од дожд особено во југозападните делови. Во следните денови, во петок и за време на викендот врнежите наместа ќе имаат пороен карактер. Во недела и понеделник на планините и на некои повисоки места во северните делови врнежите ќе бидат од повремен снег. Појавата на врнежи од дожд ќе биде од големо значење за земјоделските култури. Побарувањата од вода се големи, почвената влага е потребна за пролетна подготовка на почвата за садење на одредени култури, како и за успешно навлегување на посевите во период на пролетен развој.
Минималната температура ќе се движи во интервал од -4°C до 8°C а, максималната температура ќе се движи во интервал од 3°C до 15°C.
