Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Бактеријата предизвикувач на Пирсовата болест кај грозјето откриена во јужна Италија 
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Бактеријата предизвикувач на Пирсовата болест кај грозјето откриена во јужна Италија 
Агровести

Бактеријата предизвикувач на Пирсовата болест кај грозјето откриена во јужна Италија 

Објавено 26/02/2025
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

 Бактеријата Xylella fastidiosa, што ја предизвикува Пирсовата болест кај виновата лоза во Северна Америка, првпат е откриена кај грозје, бадеми и други растенијата во јужниот дел на италијанскиот регион Апулија, соопшти Европската агенција за безбедност на храната (ЕФСА). 

Според најновиот извештај од базата на податоци за следење на ширењето на растителниот патоген Xylella fastidiosa, присуство на бактеријата првпат е утврдено и кај кантабрискиот планински даб Quercus orocantabrica во Португалија, но тоа не е прв случај на инфицираност во оваа земја. 

– Вкупниот број на потврдени видови домаќини (на бактеријата) се зголеми на 452 видови од 70 различни ботанички семејства, се наведува во соопштението на ЕФСА.  

Според агенцијата, врз основа на анализи на истражувања спроведени помеѓу јануари и јуни 2024 година, утврдено е дека ширум светот не е идентификуван ниту еден нов тип на секвенца на Xylella. 

Xylella fastidiosa е бактериски патоген кој предизвикува сериозни заболувања кај широк спектар на растенија, вклучувајќи маслинови насади, јужно овошје, винова лоза и разни украсни растенија. 

ЕФСА започна со следење на ширењето на Xylella fastidiosa од 2016 година на барање на Европската комисија, како дел од напорите за проценка на ризикот и справување со оваа бактерија.

МИА

Може да ви се допадне

Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Таг:БактеријатагрозјетоИталијаоткриенаПирсовата болест
Претходен напис Нивото на водата во Охридското Езеро 24 сантиметри под просекот за февруари
Следен напис Дожд и повремен снег во наредните денови
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?