Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Трговците да ги објавуваат цените на производите и на своите веб страници, наложуваат измените на Законот за заштита на потрошувачите
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Трговците да ги објавуваат цените на производите и на своите веб страници, наложуваат измените на Законот за заштита на потрошувачите
Агровести

Трговците да ги објавуваат цените на производите и на своите веб страници, наложуваат измените на Законот за заштита на потрошувачите

Објавено 25/02/2025
Сподели
6 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Трговците на мало (малите, средните и големите) да ги објавуваат цените на производите на своите веб страници за потрошувачите да бидат подобро информирани, а оние што имаат повеќе од еден продажен објект, да ги објавуваат цените на стоките поединечно, за секој свој продажен објект. Ова го налага Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на потрошувачите што денеска го разгледа собраниската Комисија за економски прашања, труд и енергетска политика.

Според законските измени, од ваквата обврска се ослободени микротрговците и трговците-поединци.

Како што беше речено на комисиската седница, со објавувањето на цените на интернет ќе се обезбеди транспарентност (потрошувачите ќе имаат лесен пристап до информациите за цените), фер конкуренција (трговците ќе бидат подеднакво обврзани да ги почитуваат овие одредби) и заштита на потрошувачите (тие ќе бидат заштитени од нефер практики, како што се скриени трошоци или нејасни цени).

– Како владејачко мнозинство ќе интервенираме за заштита на граѓаните по моделите на повеќе држави како Израел, Франција, а од неодамна и Хрватска. Ќе наметнеме обврска сите мали, средни и големи трговци да креираат веб страница на која ќе ја наведуваат цената на производите за секој нивен маркет на дневно ниво, а Државниот пазарен инспекторат по иста основа да казнува ако тоа не го направат. Сакаме да ги зголемиме транспарентноста и конкурентноста, но и на граѓаните да им помогнеме полесно да одлучуваат каде ќе ги трошат своите пари, нагласи Бојан Стојановски, претседател на Комисијата и еден од предлагачите на законот.

Целта на Предлог-законот, се наведува во образложението, е да се заштитат интересите на потрошувачите и да се обезбеди основа за нивна подобра информираност за цените на производите и за олеснување на споредливоста на цените. Исто така, ќе се осигура транспарентноста во однос на потрошувачите и ќе се спречи нефер конкуренцијата и злоупотребата на пазарот. Ваквото законско решение се очекува да доведе до фер конкуренција и пониски цени, особено во секторот на прехранбени производи, при што ќе може да се направат и апликации и веб-страници кои ќе им овозможат на потрошувачите да ги споредуваат цените помеѓу различните трговци на мало. Многу е важно, се додава, информирањето на потрошувачите за цените на стоките и услугите преку нивно правилно означување од страна на трговецот. Продажната и единична цена треба да бидат јасно означени на видлив и читлив начин за потрошувачот да има подобра прегледност и споредливост на цените,  

Вакви законски решенија не се новина и се содржани во законите од областа на заштитата на потрошувачите и успешно се применуваат во Франција и во други држави. Франција има строги правила за заштита на потрошувачите и фер конкуренција, особено во прехранбениот сектор. Овие правила се регулирани во Законот за заштита на потрошувачите и европските директиви за електронска трговија. Освен тоа, наведените измени и дополнувања се во согласност со Директивата 98/6/ЕЗ на Европскиот парламент и на Советот од 16 февруари 1998 година за заштитата на потрошувачите при означувањето на цените на стоките што им се нудат на потрошувачите, која е транспонирана во предметниот закон.

Предлог-законот предвидува и соодветно дополнување на прекршочните одредби од Законот за заштита на потрошувачите со глоби за трговците кои ќе постапат спротивно на одредбите од овој закон и на одредбите за овластувањата што ги имаат државните пазарни инспектори.

– Од овие причини и заради спречување на прекумерно покачување на цените што оди на штета на благосостојбата и стандардот на граѓаните, пред се поради недоволна транспарентност во однос на цените на производите и неинформираност на потрошувачите, се предлага Законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на потрошувачите, се истакнува во Предлог-текстот.

Комисијата го разгледа и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за минерални суровини. Целта на законот е менување на начинот на распределба на концесискиот надоместок за експлоатирана количина минералната суровина во случај кога се преработува и/или се одлага јаловината од преработката на територија на друга општина од општината на чија територија се врши концесиската дејност. Во тој случај, како што објасни пратеничката Моника Трајанова од ВМРО-ДПМНЕ, Владата со одлука ќе го распредели концесискиот надоместок за експлоатирана количина минерална суровина меѓу општината на која се врши концесиската дејност и општините на чија територија се преработува и одлага јаловината од преработката на минералната суровина.

Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на потрошувачите и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за минерални суровини се поднесени од група пратеници на ВМРО-ДПМНЕ. Законите треба да се донесат по скратена постапка, а ставени се на дневен ред и на денешната 35. собраниска седница. 

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:заштитаизменитепотрошувачитепроизводитетрговцитецените
Претходен напис ХЕМОМЕТАЛ: Аплицирајте на ИПАРД за СОЛИС 50 со ЕУРО 5 стандард
Следен напис Кампања на отворени инфо денови за ИПАРД III програмата од мерка 1 во Свети Николе
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?