Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Во ХЕ „Шпилје“ кај Дебар, минатата година, произведени над 233 милиони киловат часови електрична енергија
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Во ХЕ „Шпилје“ кај Дебар, минатата година, произведени над 233 милиони киловат часови електрична енергија
Агровести

Во ХЕ „Шпилје“ кај Дебар, минатата година, произведени над 233 милиони киловат часови електрична енергија

Објавено 14/02/2025
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во хидроелектраната „Шпилје“ кај Дебар, која е значаен електроенергетски капацитет, минатата година произведени се над 233 милиони киловат часови електрична енергија, а моментно во акумулацијата има резерва на вода за производство на над 6 милиони киловат часови.

– Вкупното производство за 2024 година е 233.045.000 киловат часови електрична енергија што претставува 87 отсто реализација на годишниот план. Просечен доток во изминатите денови од Црн Дрим е околу 21 кубен метар во секунда, a од локален слив околу 17 м3/сек. Моментната кота во акумулацијата на Дебарско Езеро е 563,75 метри што претставува резерва за производство на над 6,1 милион киловат часови, потврдија за МИА, од ЕСМ.

Оценуваат дека минатата е многу идентична со претходната, 2023 година, во однос на неповолната хидрологија.

-Последните две години може да ги окарактеризираме како потпросечни хидролошки години, во однос на производството на електрична енергија. Но, исто така, треба да се нагласи дека минатата, неповолна, хидролошка година, е искористена за да се реализира капиталниот ремонт на два генератора. Зафатот е реализиран во согласност со предвидените планови за тековно и за инвестициско одржување на опремата, посочуваат од компанијата.

Оттаму велат дека капиталниот ремонт е една од позначајните сервисни активности и значи продолжување на работниот век, зголемување на сигурноста и стабилноста на „Шпилје“ и на ХЕС „Црн Дрим“, што го сочинуваат оваа и ХЕ „Глобочица“.

На 4 ноември минатата година, ХЕ „Шпилје“, одбележа 55 години од нејзиното ставање во функција, период во кој во електроенергетскиот систем испорачала 14.799,19 гигаватчасови електрична енергија.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:233 милиони киловат часовиДебарелектрична енергијаХЕ „Шпилје“
Претходен напис ЗК Пелагонија им отстапи нови 1.600 ха на земјоделците: Само со заедничка соработка и делување ќе успеееме да ја зачуваме и развиеме Пелагонија
Следен напис ИПАРД Мерка 1: Листа на планински подрачја
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?