Владата ја донесе Уредбата за поблиските критериуми за директни плаќања, корисниците на средствата, максималните износи и начинот на директните плаќања за 2025 година.
Подмерка 1.15. Директни плаќања за одржување на ливади
-Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства кои располагаат со ливади, а се запишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства и во СИЗП и се користат за косење на ливадата;
-Прифатлив број на животни на површина од 0,7 хектари: едно говедо или еден копитар, односно 10 овци или кози, односно 4 свињи;
-Минимум површина со ливади е 1 ха и
-Висината на директните плаќања за ливада изнесува 6.000 денари по хектар.
Крајниот рок за поднесување на барање за 1.15. Директни плаќања за одржување на ливади е 31 мај 2025 година.
