Со националниот координатор за безбедност на храна, ветеринарна и фитосанитарна политика Верче Мицевска разговаравме за мерките коишто се преземаат во континуитет за спречување на увоз на храна и пијалоци коишто не ги задоволуваат европските и националните критериуми за безбедност, информира директорот на Царинска Управа – Бобан Николовски.
Се согласивме дека сеопфатниот пристап на ниво на држава, унапредување на анализата на ризик и зголемената соработка на регионално и меѓународно ниво е клучна во борбата со фалсификувана и неквалитетна храна.

Истакнав дека во моментов интензивно работиме на имплементација на Национален едношалтерски систем што ќе овозможи колективно користење на податоците и унапредување на анализата на ризик на сите институции коишто се вклучени во прекуграничната трговија.
Во 2024 година е спречен внес на небезбедна храна, при што се запленети 6,52 тони месо и 500 литри маслиновото масло, а спречени се и повеќе обиди за шверц на вино.
Фејсбук статус на директорот на Царинската управа Бобан Николовски.
