Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Откажани забавно-музичките настани во Неготино, „Свети Трифун“ ќе се одбележи скромно
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Откажани забавно-музичките настани во Неготино, „Свети Трифун“ ќе се одбележи скромно
Агровести

Откажани забавно-музичките настани во Неготино, „Свети Трифун“ ќе се одбележи скромно

Објавено 07/02/2025
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Откажани се сите забавно-музички настани во Неготино, „Свети Трифун“ ќе се одбележи скромно, информираа денеска од Службата за односи со јавноста при неготинската локална самоуправа. Оттаму појаснија за МИА дека Општината се одлучила на ваков чекор, заради почитта кон двајцата сограѓани – Фросина Кулакова, која загина на „Партизанска“ во Скопје и Миле Тодоров, по кој се трага со денови. 

– Имајќи ја предвид сензитивноста на моментот во кој се одвива секојдневието на Неготино и неговите граѓани и пошироко во Македонија, Општина Неготино како организатор на манифестацијата, ја информира јавноста дека се откажани сите предвидени забавно-музички активности во рамките на манифестацијата, со која се одбележува празникот на лозарите и винарите, „Свети Трифун“, соопштија од Службата за информирање. 

Според програма што ќе се одвива од среда до петок, кога на градскиот плоштад се одржува централниот настан, ќе се одржи натпревар во дегустација на вина и ракии на индивидуални производители, традиционалната изложба на Здружението на граѓани „Стари занаети“, доделување награди на најдобрите производители на вина и ракии, доделување награди по распишаниот ликовен и литературен конкурс во трите училишта од градот и базар на ракотворби што ќе биде од хуманитарен карактер, а собраните средства ќе бидат наменети за подигнување на сообраќајната свест на учесниците во сообраќајот. 

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:забавно-музичките настанинеготиноОткажаниСвети Трифун
Претходен напис Утрово најстудено на Попова Шапка, најтопло во Гевгелија
Следен напис Стабилно и суво време за викендот, снег се очекува наредната седмица
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?