Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Виктор Мизо во „Бизнис-клуб“: Потребни се нова стратегија и нов пристап за привлекување странски инвеститори
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Виктор Мизо во „Бизнис-клуб“: Потребни се нова стратегија и нов пристап за привлекување странски инвеститори
Агровести

Виктор Мизо во „Бизнис-клуб“: Потребни се нова стратегија и нов пристап за привлекување странски инвеститори

Објавено 06/02/2025
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во најновото издание на подкастот „Бизнис-клуб“ со претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија Бранко Азески гостин е м-р Виктор Мизо, генерален менаџер на „Костал Македонија“ ДОО Охрид, како и претседател на Советот за странски инвеститори и на Асоцијацијата на странски компании со технолошко напредно производство, тела  при Стопанската комора, кој зборува за новиот пристап кој е потребен денес за привлекување странски инвеститори во нашата земја. Истовремено зборува и за функционирањето на Советот за странски инвеститори, кој беше формиран во 2006 година на иницијатива на претседателот на Стопанската комора Бранко Азески за да ги претставува странските инвеститори во Македонија, за да ја промовира и да ја подобри инвестициската клима и за да го зголеми економскиот развој на земјава преку отворен дијалог со владините институции и со другите деловни чинители и преку предлози, најдобри практики и активно иницирање реформи и подобрувања.

Според генералниот менаџер на „Костал Македонија“, германска компанија за производство на делови и на компоненти за автомобилската индустрија, не е потребно само креирање нова стратегија, туку и генерирање нов пристап на размислување за тоа што треба и како треба да се направи за да се привлечат нови странски инвеститори во нашата земја, бидејќи ние сме мала држава, која денес има многу ограничени ресурси.

„Пред 15 години компаниите не беа толку ограничени, иако бевме мала држава; невработеноста е на многу различно ниво отколку што беше тогаш; луѓето се иселуваат, така што апсорпциската моќ за привлекување трудоинтензивни компании веќе не постои и треба да се направи детално мапирање од кои сектори, од кои индустрии и каков вид на компании сакаме да привлечеме. Големата концентрација на автомобилската индустрија не е добра за државата бидејќи автомобилската индустрија од 2019 година е во криза, која ќе продолжи и натаму. Затоа мора да се размислува за тоа како компаниите кои се веќе присутни кај нас да направат промена во своите активности и наместо трудоинтензивни да станат капитално интензивни компании со зголемена додадена вредност и да успеваат со истите ресурси и со помал број луѓе, но со развиена технологија, автоматизација, роботика и дигитализација, што не е лесен процес“, изјави Виктор Мизо.

Во подкастот изнесува податоци за својот личен и професионален живот. Дипломирал и магистрирал на Машинскиот факултет на Институтот за технологија во Рочестер, САД, додека втората магистратура за бизнис и администрација ја стекнал на Бизнис школата на Универзитетот „Харвард“ во Бостон, САД. За Универзитетот „Харвард“ вели дека во него е пресликан американскиот капитализам, каде што практично се учи преку студии на случај од бизнисот.

Професионалната кариера ја започнал како дизајн-инженер на системи на возила со 4 тркала во компанијата „Магна“ во Сиракјуз, САД. Подоцна професионалната кариера и професионалниот развој ги продолжил во компаниите „Џенерал електрик“ во Ири, САД, „Мекензи“, „Трастхеџ“ (Trusthedj) и „Ам онли“. По враќањето во Македонија, каде што решил да го пренесе своето знаење и искуство од САД, работи како генерален директор на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот Скопје, а подоцна и како генерален директор на Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони.

Запрашан за градот Охрид од каде што е родум, Мизо изјави дека мора да се работи на промоција на убавините, културата и на историјата на градот Охрид, како и на едукација на луѓето за подигнување на квалитетот на услугите и за подобрување на капацитетите и на инфраструктурата, но не за масовен, туку за елитен туризам за софистицирани гости.

Стопанска комора на Северна Македонија

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Бизнис-клубВиктор Мизострански инвеститористратегија
Претходен напис Продолжува период на стабилно и суво време со студени утра, со услови за магла во котлините
Следен напис Утре или в понеделник ќе бидат соопштени мерките што ќе ги преземе Владата за високите цени на основните прехранбени производи
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?