Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: ЕБОР: Инвестирани 151 милиони евра во 2024 година во Северна Македонија
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > ЕБОР: Инвестирани 151 милиони евра во 2024 година во Северна Македонија
Агровести

ЕБОР: Инвестирани 151 милиони евра во 2024 година во Северна Македонија

Објавено 05/02/2025
Сподели
6 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во 2024 година, ЕБОР инвестираше ЕУР 151 милиони во земјата

Инвестицијата во зелени проекти е ЕУР 70 милиони, со поддршка на енергетската ефикасност, обновливи извори на енергија и напори за декарбонизација

Потврдувањето на силното партнерство со локалните ентитети, донаторите и приватниот сектор

Во 2024 година, Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) инвестираше ЕУР 151 милиони, во 13 проекти во  Северна Македонија кои помагаат во моделирање на економскиот и одржливиот раст на земјата.

ЕУР 70 милиони се инвестирани за зелени проекти кои се квалификуваат за финансирање, кои ја поддржуваат енергетската ефикасност, обновливата енергија, и напорите за декарбонизација. Овие инвестиции ја одразуваат посветеноста на Банката за зајакнување на транзицијата за позелена и поотпорна и инклузивна економија.

Фатих Туркменоглу, Претставник на ЕБОР за Северна Македонија изјави: ,,Навистина е инспиративно да се видат резултатите од имплементирање на зелената транзиција на земјата, зајакнување на инфраструктурата и проширување на финансиските можности за деловниот сектор, но и за поедниците. Овие одредници ја рефлектираат успешната соработка што ја изградивме со локалните партнери, донатори и приватниот сектор, сите насочени кон промовирање на одржлив економски раст. Би сакал да нагласам дека инвестициите во локалните бизниси не се само за економскиот развој, туку и за создавање на можности кои ги охрабруваат луѓето да ја градат нивната иднина дома. Овие инвестиции имаат потенцијал да го забават, па дури и да го запрат, одливот на луѓето кои бараат можности на друго место. На почетокот на 2025 година, останувам оптимист дека овој моментум ќе се задржи, и дека ќе постигнеме и испорачаме резултати кои имаат поголемо влијание, и кои ќе ја поддржуваат земјата преку отклучување на нејзиниот целосен потенцијал.”

Во 2024 година, Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) го поддржа економскиот и одржливиот развој на земјата, преку неколку проекти кои имаат значајно влијание.

Највпечатливите проекти вклучуваат поддршка од ЕУР 98,6 милиони на НОМАГАС, за изградба на гасоводната интерконекција со Грција, и два регионални гасоводи, овозможувајќи различни извори на природен гас и насоченост кон безбедност на снабдувањето, намалување на загадувањето на воздухот и емисии на стакленички гасови, преку овозможување на преминување кон почисти горива и забрзување на активностите кои водат кон престанок на користење на јаглен. ЕУР 24,6 милиони беа одобрени на МЕПСО, за зајакнување на мрежата за пренос на електрична енергија во југо-источниот регион на земјата, и овозможување на поврзување на 1,170 MW нови обновливи извори на енергија. Поддршката беше обезбедена преку директно финансирање на локалниот трговец на мало КАМ, преку кредитирање од старана на Банката во износ до ЕУР 6 милиони, за инвестиции во проширување на мрежата и надградба на магацинот- логистичкиот центар, со цел да бидат енергетски поефикасни, но и за поддршка на други оперативни подобрувања. Долгогодишниот клиент на Банката, Макпрогрес беше поддржан преку Програмата за споделување на ризик, преку Шпаркасе банка, во износ од ЕУР 2 милиони, за поддршка на растот на компанијата и за подобрување на поддршката на мулти-дисциплинарниот образовен центар, кој на пазарот на труд обезбедува признати сертификати и акредитирани можности за обука во регионот, каде истото не е достапно.

Банката има поддржано над 1,000 предприемачи, преку различни иницијативи на промоција, како што се настани, конференции и дигитални активности, истовремено пружајќи обука за МСП за набавка во верижниот менаџмент и вештачката интелигенција.

За време на 2024 година, Банката се ангажираше во имплементација на активности финансирани од ЕУ-Програма за структурна реформа – Приоритети за конкурентна политика за Западен Балкан, кои се насочени кон развој и кои имплементираат сеопфатна програма за зајакнување на конкурентноста на приватниот сектор на Западен Балкан, а со тоа и на поддршката на имплементацијата на Економскиот и инвестицискиот план на Европската Унија, за Западен Балкан.

ЕБОР има инвестирано ЕУР 1,6 милијарди во регионот на Западен Балкан, а има мобилизирано дополнителни ЕУР 500 милиони од други инвеститори, во 116 проекти. Рекордни 62% од вкупните инвестиции беа инвестирани во зелени проекти, и поддршка на енергетската ефикасност, обновлива енергија, и напори за декарбонизација, а 50% од вкупниот број на проекти беше со компонента на родова еднаквост.

Во 2024 година, ЕБОР инвестираше ЕУР 16,6 милијарди во земјите каде што има резидентни канцеларии, што е зголемување за 26% во споредба со претходната година. Во тек на 2024 година, ЕБОР ги доби првите два акционери од суб-сахарска Африка – Бенин и Брегот на слоновата коска, со што бројот на членови на Бордот се зголеми на 76 члена. Банката планира да ги започне активностите во овие земји, кон крајот на оваа година. Во минатата година, се одржаа и претседателски избори во Банката, а Бордот на Гувернери, на Годишното Собрание и Деловниот форум во Ереван, Арменија, повторно ја избра Одил Рено Басо за Претседател на ЕБОР.

До денес, во Северна Македонија, ЕБОР има инвестирано ЕУР 2,9 милијади во 197 проекти.

Европска банка за обнова и развој (ЕБОР)

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:151 милиони евраЕБОРИнвестираниСеверна Македонија
Претходен напис Приведен делчевец за предизвикување пожар
Следен напис Стабилно време со студени утра во наредните денови
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?