Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Меморандум за разбирање за проектот „Програмата за управување, користење и заштита на подземните води на Република Северна Македонија“
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Меморандум за разбирање за проектот „Програмата за управување, користење и заштита на подземните води на Република Северна Македонија“
Агровести

Меморандум за разбирање за проектот „Програмата за управување, користење и заштита на подземните води на Република Северна Македонија“

Објавено 04/02/2025
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски и директорот на Управата за хидрометеоролошки работи Игор Лазаровски со швајцарската амбасадорка Вероник Улман потпишаа Меморандум за разбирање преку кој се договори взаемна соработка на проектот „Програмата за управување, користење и заштита на подземните води на Република Северна Македонија“, соопшти денеска МЖСПП.

Оваа Програма, појаснуваат оттаму, се воспоставува за долгорочна трансформација на управувањето на водните ресурси, преку градење на капацитетите на сите вклучени страни, обезбедување на неопходен механизам за соработка и подобрување на законодавството и рамката за планирање.

-Водните ресурси, а особено подземните води во Република Северна Македонија се стратешки природен ресурс, но, нивниот потенцијал не е доволно истражен, користен, следен, евидентиран, заштитен или управуван. Неоходно е зајакнување на капацитетите на одговорните институции доуредување на правната и доусогласување со правото на ЕУ. Дополнително, ниската свест за статусот на површинските и подземните води се рефлектира со низок јавен притисок и слаба мобилизација на јавноста и граѓанското општество за прашањата за управување со водните ресурси, велат од Министерството за животна средина и просторно планирање.

Со Програмата до крајот на 2027 година се очекува да се зајакнат капацитетите на клучните институции и засегнати страни за интегрирано и одржливо управување со водните ресурси, да се усогласи и консолидира правната рамка, да се изработи нацрт-планот за управување со речниот слив на Вардар и да се спроведе пилот проекти со земјоделците, јавните комунални претпријатија, приватниот сектор и општините.

Главен корисник и носител на програмата е Министерството за животна средина и просторно планирање (вклучено во сите три компоненти), а во програмата (во две компоненти) вклучено е и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Управата за хидрометеоролошки работи.

Програмата е финансиски поддржана од страна на Швајцарската агенција за развој и соработка во вкупен износ од 4.600.000 швајцарски франци до 2027 година, а Владата на Република Северна Македонија обезбедува домашно учество преку двете министерства и тоа од Министерството за животна средина и просторно планирање 300.000 швајцарски франци (во три години) и од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство 200.000 франци (во две години).

Програмата се спроведува од страна на Конзорциумот Skat Consulting Ltd (Швајцарија) и PointPro Consulting (Северна Македонија), и е конципирана во 2 фази и тоа: фаза 1, од јануари 2024 – декември 2027 година и се планира да продолжи со фаза 2, од 2028-2031 година.

Владата на Швајцарската конфедерација е застапувана од Сојузното министерство за надворешни работи, кое дејствува преку Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC).

Меморандумот за разбирање содржи детален опис и динамички план на активностите и задачите и ќе биде основа за спроведување на „Програмата за управување, користење и заштита на подземните води на Република Северна Македонија“.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:меморандумподземните водиСеверна Македонијауправување
Претходен напис Јануари 2025 просечно до топол месец и просечен до многу сув
Следен напис Стабилно време со студени утра и во наредните денови
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?