Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Јануари 2025 просечно до топол месец и просечен до многу сув
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агропрогноза > Јануари 2025 просечно до топол месец и просечен до многу сув
Агропрогноза

Јануари 2025 просечно до топол месец и просечен до многу сув

Објавено 04/02/2025
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Согласно мерењата и набљудувањата на метеоролошките станици во земјава, јануари е просечно до топол месец во однос на температурите и просечен до многу сув во однос на врнежите доколку се спореди со многугодишните просечни вредности (1991-2000), информира УХМР.

Месечната температура се движеше од 0,9 во Битола до 5,9 степени во Гевгелија. Споредено со просечните јануарски месечни температури, за триестгодишен период (1991-2020), годинашната беше 1,7 степени над просечната, на ниво на држава. Највисоката максимална температура беше измерена на 25 јануари во Гевгелија и изнесуваше 18,9 степени, а најниската во Берово, на 19 јануари и изнесуваше -12,6 степени.

Во јануари 2025 година месечната сума на врнежи во државата изнесуваше од 6 милиметри во Штип до 81 милиметар во Маврово. Врнежите беа од дожд и снег и позастапени во втората декада од месецот. Максимално дневно количество на врнежи од 32 милиметра беше регистрирано во Маврово на 13-ти во месецот. На Попова Шапка и Маврово беше измерена максимална снежна покривка од 65 сантиметри и 60 сантиметри на 13-ти во месецот.

Споредено со јануарската просечна вредност за многугодишен период (1991-2020), измерената месечна сума на врнежи беше 47 отсто под просечната на ниво на држава. 

МИА

Може да ви се допадне

Попладне нестабилно време со пороен дожд, грмежи и локално невреме
Сончево со мала облачност, попладне локална појава на дожд, грмежи и ветер
Променливо облачно со сончеви периоди, попладне нестабилно време
Променливо облачно време со сончеви периоди до крајот на неделава
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне дожд
Таг:Јануарипросеченсувтопол месец
Претходен напис Фон дер Лајен: ЕУ е подготвена да одговори кога ќе биде неправедно или произволно таргетирана
Следен напис Меморандум за разбирање за проектот „Програмата за управување, користење и заштита на подземните води на Република Северна Македонија“
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?