Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: УЈП: Големите маркети вчера со намален промет за 46,59 отсто во споредба со минатиот петок
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > УЈП: Големите маркети вчера со намален промет за 46,59 отсто во споредба со минатиот петок
Агровести

УЈП: Големите маркети вчера со намален промет за 46,59 отсто во споредба со минатиот петок

Објавено 01/02/2025
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во осумте поголеми синџири на маркети вчера е забележан пад на вкупниот промет за 46,59 отсто во споредба на минатиот петок, информира Управата за јавни приходи (УЈП). Како што посочуваат од УЈП, вчера е забележан и пад од 46,29 проценти на вкупниот промет на осумте поголеми синџири на маркети во споредба со завчера.

-Податоците од системот за регистрирање на готовински промет  (GPRS), односно регистриран готовински промет во осумте поголеми синџири на маркети на територијата на целата држава за деновите 24, 30 и 31 јануари 2025 година покажуваат дека вчера 31.01.2025 година до полноќ, во GPRS системот на УЈП е регистриран вкупен промет во износ од 114,293,367 денари. Во четврток, 30.01.2025 година до полноќ, во GPRS системот на УЈП е регистриран вкупен промет во износ од 212,782,151 денари, а во петок, 24.01.2025 година до полноќ, во GPRS системот на УЈП е регистриран вкупен промет во износ од  213,985,705 денари, прецизираат од УЈП.

Најавуваат дека ќе продолжат со мониторирање и анализа на овие трендови, како и информирање на јавноста за сите важни податоци кои ќе имаат влијание на економијата.

Вчера во земјава, како и во повеќето земји од поранешна Југославија, купувачите ги бојкотираа големите синџири на маркети заради енормното зголемување на цените. Иницијативата беше поттикната од Хрватска каде купувачите веќе втор петок по ред ги бојкотираат маркетите. Во сите земји е потврдено дека прометот во маркетите вчера е намален за околу 50 отсто. И покрај најавените акции од маркетите со пониски цени се очекува бојкотот да продолжи и во наредниот период. 

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:46.59 отстомаркетинамален прометпетокујп
Претходен напис Предавање за напредни техники за одгледување и органско производство на БАДЕМИ
Следен напис ЕУ воведува нови царини за земјоделски производи и ѓубрива од Русија и Белорусија
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?