Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: ЕК предлага повисоки царини за руските азотни ѓубрива, земјоделците предупредуваат на раст на трошоците 
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > ЕК предлага повисоки царини за руските азотни ѓубрива, земјоделците предупредуваат на раст на трошоците 
Агровести

ЕК предлага повисоки царини за руските азотни ѓубрива, земјоделците предупредуваат на раст на трошоците 

Објавено 29/01/2025
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

 Европската комисија предложи нова регулатива со која се регулира увозот на азотни ѓубрива во ЕУ и има за цел намалување на зависноста од руските ѓубрива и зголемување на нивното производство во рамките на блокот. Но, ваквата идеја наиде на неодобрување од страна на европските земјоделци, кои сметаат дека таа ќе им донесе зголемување на производствените трошоци. 

Во 2023 година увозот на азотни ѓубрива во ЕУ од Русија, која е еден од најголемите нивни глобален извозник, достигна 3,6 милиони тони во вкупна вредност од 1,28 милијарди евра, што претставува над 25 проценти од вкупниот увоз во блокот. Во 2024 година Москва воведе даноци за извоз на повеќе производи, меѓу кои и за азотните ѓубрива, но и покрај тоа нивниот увоз во ЕУ забележа раст. 

Со предлогот на ЕК, сега се предвидува зголемување на царините за увоз на сите прехранбени и земјоделски производи од Русија и Белорусија за 50 отсто. Сегашните царини за увоз на азотни ѓубрива во ЕУ изнесуваат 315 евра по тон, а за останатите ѓубрива 430 евра по тон. 

По стартот на руската инвазија врз Украина во февруари 2022 година, ЕУ воведе серија економски санкции кон Русија, но избегнуваше со нив да бидат опфатени и земјоделските производи, со образложение дека сака „да избегне загрозување на глобалната безбедност на храната“.  

Со истото образложение не беа покачени ниту царините за земјоделските производи, но лани во мај под притисок на некои од земјите членки, ЕУ сепак ги зголеми царинските давачки за увоз на житни култури и маслодајни растенија од Русија. 

Европските производители на земјоделски ѓубрива, пред се од скандинавските и балтичките земји, инсистираа на воведување царини и за ѓубривата, но останатите држави членки на ЕУ не се согласија со ваквите барања, стравувајќи од зголемување на производствените трошоци за земјоделците, кои и онака беа незадоволни од мерките поврзани со зелената транзиција и организираа протести ширум блокот. 

Анализа на Заедничкиот истражувачки центар (ЈРЦ) на Европската комисија посветена на ризици и ранливоста во синџирот на снабдување со храна на ЕУ покажува дека земјоделците сметаат оти зголемувањето на царините за увоз на ѓубривата претставува „голем ризик“ и ќе резултира со дополнителни трошоци за земјоделското производство. 

Дополнително како аргумент против зголемување на царините се наведува фактот дека главен пазар за пласман на руските ѓубрива не е европскиот, туку американскиот, така што ваквата мерка би им нанела поголема штета на земјоделците во ЕУ, отколку на Русија. 

За да ги намали ваквите стравување, Европската комисија во својот предлог предвидува заштитни мерки, како можноста за привремено суспендирање на царините во случај на пораст на цената на ѓубривата. 

Предлог-документот е доставен до Европскиот парламент и Советот на ЕУ, кои сега треба да се произнесат по него и да утврдат единствен став за неговата содржина, пред тој да биде и официјално усвоен. 

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:ЕКземјоделцитеповисоки царинируските азотни ѓубрива
Претходен напис ТРАКТОР LOVOL 504 N –  Лозаро-Овоштарски
Следен напис Утре локални врнежи од дожд, повремено и поројни
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?