Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Доларот ослабе, еврото скокна повеќе од 2 отсто
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Доларот ослабе, еврото скокна повеќе од 2 отсто
Агровести

Доларот ослабе, еврото скокна повеќе од 2 отсто

Објавено 26/01/2025
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

На валутните пазари, вредноста на американскиот долар во однос на кошничката валути драстично падна минатата седмица, при што еврото зајакна за повеќе од 2 отсто во однос на доларот, што е негов најголем неделен скок од средината на 2023 година.

Индексот на доларот, кој ја мери вредноста на американската во однос на шесте главни светски валути, падна за 1,8 отсто минатата седмица на 107,47 поени, што е негова најголема седмична загуба од ноември 2023 година.

Курсот на еврото во однос на доларот скокна за 2,2 отсто на 1,0495 долари, што е негов најголем неделен скок од јули 2023 година. Американската валута ослабе и во однос на јапонската, за 0,2 отсто, па нејзиниот курс се лизна на 156,00 јени.

Падот на доларот во однос на кошницата валути втора недела по ред се должи, меѓу другото, и на притисокот на американскиот претседател Доналд Трамп врз американската централна банка.

Минатата седмица, во своето обраќање пред учесниците на Светскиот економски форум во Давос, Трамп рече дека ќе побара од Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) да ги намали цените на нафтата, а централните банки да ги намалат каматните стапки. Тој конкретно побара намалување на каматните стапки на Fed. Уште за време на неговиот прв мандат, Трамп се обиде да влијае на монетарната политика, но челниците на Fed не отстапија. Таков нивен став се очекува и сега.

Питер Туз, претседател на „Chase Investment Counsel“, верува дека Fed ќе ги заснова своите одлуки за каматните стапки на економските податоци, а не на барањата на претседателот Трамп.

„Мислам дека Fed нема да посвети премногу внимание на тоа. Тие ги разгледуваат податоците и ќе донесат одлука врз основа на она што го гледаат“, вели Туз.

Се очекува Fed да ги задржи каматните стапки на сегашното ниво на состанокот следната седмица, бидејќи економијата постојано расте, додека инфлацијата останува далеку над целното ниво на Fed од 2 отсто.

И покрај тоа, доларот остро падна бидејќи инвеститорите веруваат дека ризикот од значително зголемување на царините и трговските војни стивна, имајќи предвид дека Трамп последните денови ја омекна својата реторика за воведување царини за Канада, Мексико, Кина и Европската унија.

Ако Трамп наметне помалку царини или ако целосно се откаже од новите давачки, инфлацијата во САД има помала веројатност да зајакне, што би значело дека Fed има повеќе простор да ги намали каматните стапки.

Аналитичарите велат дека тестот за доларот ќе биде развојот на ситуацијата на пазарот следната седмица доколку Fed ги задржи каматните стапки непроменети, а европската, канадската и шведската централна банка ја намалат цената на парите.

Минатата седмица доларот, исто така, ослабна во однос на јенот бидејќи централната банка на Јапонија ги зголеми каматните стапки за 0,25 процентни поени на 0,50 отсто, што е највисоко ниво од глобалната финансиска криза во 2008 година.

Во меѓувреме, челниците на централните банки ги зголемија проценките за инфлацијата во Јапонија оваа година и рекоа дека ќе продолжат да ги зголемуваат каматните стапки поради значителното зголемување на потрошувачките цени и платите.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:америкадоларевроеусад
Претходен напис Трамп до ЕУ: Многу сте неправедни кон САД, не ги земате нашите земјоделски производи и автомобили, дојде време за наплата
Следен напис Одложени неколку летови на Скопскиот аеродром
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?