Почитувани јаболкопроизводители,
Денес 22.01.2025 (среда) ,со почеток во 11 и 30 часот во малата сала на општина Ресен,се реализира средба помеѓу претставници од МЗШВ, предводени од Министерот г-дин Цветан Трипуновски и претставници од земјоделските задруги кои се регистрирани на подрачјето на нашата општина.
.Дискусијата беше насочена кон програмата за директни плаќања во земјоделието за 2025 год,која треба да се донесе овие денови.
Мерката -Директни плаќања по обработлива површина за оддржување на постоечки овошни насади (12.000 ден/ха) и мерката – дополнителни директни плаќања за остварено производство на овошје (30.000 ден/ха) се спојуваат во една мерка и истата ќе изнесува 42.000 ден/ха
Ова се прави бидејќи голем број на земјоделци забораваат да ги пријават количините на произведено овошје по ха.
Мерката -Дополнителни директни плаќања за јаболка предадени кај регистрирани откупувачи или регистрирани преработувачки капацитети запишани во Регистарот на откупувачи на земјоделски производи, ОСТАНУВА
Ќе се субвенционираат јаболка предадени во периодот од 15.08.2024 до 31.01.2025
Висината на поддршката ќе изнесува 2 денари по килограм.
Во текот на месец септември ќе се направи пресек и сублимирање на податоците за количината на предадено јаболко до 31.01.2025 и ќе се донесе нова уредба за останатиот период (1.02.2025-14.08.2025)
Со почит
Здружение на овоштари
БЛАГОЈ А. КОТЛАРОВСКИ
Фејсбук статус на Здружение на овоштари
